02 Мај, 2024
0.0258

Китанов од „Државни патишта“ си заминува со продадени 13.707 електронски картички и тагови во 2019

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„Државни патишта“ за половина година во 2019 успеало да продаде 13.707 електронски картички и тагови откако од минатогодишниот јули беше воведен електронскиот систем на наплата на патарините низ Коридорот 10.

Ова е наведено во тукуштообјавениот годишен извештај на претпријатието, кој претходно беше прифатен од Владата, речиси истовремено со потврдата дека директорот Зоран Китанов заминува во Одборот на менаџери на Македонски телеком.

Како споредба, само првиот месец беа продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи  Од „Државни патишта“ велат дека воведувањето на овој систем за прв пат во Македонија придонел за зголемување на наплатата, односно на приходите од патарина.

- Проектот беше успешно имплементиран и функционира беспрекорно. Во 2019 Претпријатието продаде 8.953 Мкард и 4.754 Мтаг, или вкупно 13.707 електронски уреди, велат од таму. 

Електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец стартуваше со отворањето на Контролниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата кај наплатниот пункт „Петровец“.

Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспондери, а покрај тие опции. Првата електронска картичка тогаш ја додели премиерот Зоран Заев, кој истакна дека на Коридорот 10 е воспоставен систем со врвна технологија што значително значително ќе ја намали можноста за манипулација.

За возачите кои поседуваат електронски уреди е ослободена посебна лента на сите патарини долж Коридорот 10. Возачите имаат и можност при секое надополнување на електронскиот уред да остварат попуст за патарина во висина од 2 до 7 отсто.

Електронските картички можат да се набават по цена од 100 денари, додека таговите чинат 1.200 денари, а се купуваат на наплатните рампи долж Коридорот 10 или во Контролниот центар на ЈП за државни патишта во Петровец.

Инаку јавното претпријатие за второто тромесечие од годината собрало 5,2 милиони евра помалку пари од патарини во однос на истиот период лани поради корона-кризата, покажува тукуштообјавениот квартален извештај за месеците април, мај и јуни.

Во споредба со истиот период од 2019, приходот врз оваа основа е помал за 40,29 отсто, што кореспондира со ковид-кризата и рестрикциите на движењето.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија