Ќе добие ли контроверзниот Трамп судски налог?
Објавено во: Свет 02 Мај, 2018
Специјалниот советник Роберт Милер, кој ја предводи истрагата за можното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, предупреди дека на Трамп би можело да му биде испратен судски налог, за да се појави пред високата судска порота во рамки на истрагата, соопшти личниот адвокат на Трамп, Џон Дауд.
Милер го кажа ова уште во март, за време на разговорите со правниците на Трамп. Тој рече дека налогот ќе го принуди претседателот да се соочи со истражителите, објави Вашингтон пост.