ВИДЕО: Ќе го открие ли оружјето вистинскиот убиец на младиот Мартин Јанушев?
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2017
Вкупно 12 убиства ја потресоа јавноста од јули до сега. Од нив само две не се расчистени.
МВР и ЈО работат на истрагата на последниот злостронички чин од ваков карактер кој во смрт го однесе 28 годишниот Мартин Јанушев кој беше убиен со неколку куршуми во глава и врат.
Министерот Спасовски денеска на брифингот со нивинарите рече дека поради истрагата која е во тек не може да открива многу детали.
Сепак, министерот рече дека на местото на убиството е најдено оружјето со кое е пукано во Јанушев.
Во Јанушев пукал само еден напаѓач по кој МВР се уште трага, но кој според информациите на надлежните сомнежот е дека тој е во државата а не надвор како што се шпекулираше во дел од медиумите.
Посебен штаб во СВР Скопје работи на овој случај, а Спасовски рече дека има голем напредок во истрагата.
„Обезбедени се сведоци и распрашани се многу луѓе. Исто така обезбедени се снимки од околните објекти. Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Првичните сознанија се дека имале лично недоразбирање“, појасни министерот Спасовски.
Министерот не даде одговор и дали зад убиството стои и нарачател. Сепак одговори на новинарско прашање дека во моментот се проверува и работата на една агенција за обезбедување, која според некои шпекулации се поврзува со убиството.