Ќе има финансиска поддршка за 120 радиодифузери
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2021
Ќе има финансиска поддршка за 120 радиодифузери, во рамки на новиот пакет мерки.
За оваа цел ќе бидат потрошени 50 милиони денари во 2021 година.
„Со оваа мерка 120 радиодифузери, односно радија и телевизии кои имаат активни концесии за емитување на радио и телевизиска програма ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата. Под број 4 е ослободувањето од надоместокот за мултиплекс фреквенција за цела 2021 година. Оваа мерка ги опфаќа радиодифузерите во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2021 година за дигиталниот терестријален мултиплекс и дозвола за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици врз медиумскиот радиодифузен сектор предизвикани од коронавирусот“, вели премиерот Зоран Заев.
Помош ќе има за тутунарите, фирмите, занаетчиите, вработените во туризмот. Заев рече дека пред над е стабилна и развојна економија. Петтиот пакет економски мерки е во вредност од 160 милиони евра.