fake panerai watches ЌЕ МУ СЕ ВРАТИ ЛИ НА БИЗНИСОТ, ИЛИ ИМА ДРУГИ ПЛАНОВИ - Нина Ангеловска ја предаде министерската палка
02 Мај, 2024
0.0334

ЌЕ МУ СЕ ВРАТИ ЛИ НА БИЗНИСОТ, ИЛИ ИМА ДРУГИ ПЛАНОВИ - Нина Ангеловска ја предаде министерската палка

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, вчера имаше интересен ден.

Прво му ја предаде раководната палка со народните пари на новиот министер за финансии, Фатмир Бесими, а потоа отиде во Стопанската комора на Македонија, но овој пат како претставник од бизнс секторот, на средба со премиерот Зоран Заев и новиот тим економски министри.

Значи ли ова дека Нина Ангеловска, која во за време на својот министерски мандат од една година се покажа како одговорна, стручна и професионална предводничка на јавните финансии, се повлекува од политиката и и се враќа на својата прва љубов - бизнисот.

На срдечната средба со Фатмир Бесими му посакала успех.

Вели дека и било чест, но и задоволство, да го води еден од најтешките ресори во секоја една Влада.

„Ми претставуваше чест и задоволство да го водам Министерството за финансии изминатава година. Предизвикот да се води овој клучен ресор со деноноќна работа и посветеност беше навистина голем, а уште повеќе во време на ковид пандемија, криза, непредвидливост, техничка влада.

Му посакувам многу успех на новиот Министер и Владата во справувањето со предизвиците кои следат“, нашиша Ангеловска на својот фејсбук профил по предавањето на министерската функција. 

А потоа во комората беше на средба со Владата, најверојатно во позиција на стопанственик, односно преку нејзината „Групер“, од каде што и дојде во ресорот за финансии.

Сепак, се поствува прашањето нема ли амбициозната Ангеловска, која се покажа дека може да се носи со функционерскиот товар, да добие некоја друга позициј во извршнта власт. Или, пак, ќе одлучи да му се врати на бизнисот, што за неа се покажа како сосема успешна приказна.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?