27 Април, 2024
0.0296

Ќе пропејат ли Грујевски и Бошковски пред грчките служби?

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Процедурата за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски од Грција веќе е започната, но повеќе безбедносни експерти како и поранешни началници или функционери на МВР кренаа паника дека токму апсењето на двајцата припадници на УБК кои вршеја високи функции во Солун е огромна и потенцијална закана за македонскиот безбедносен систем. Поточно има страв дека Грујевски и Бошковски ќе „пропејат“ пред грчките тајни служби и ќе откријат значајни информации за македонскиот безбедносен систем со цел секако да добијат политички азил со својата разузнавачка вредност и на тој начин да одбегнат екстрадиција или друга форма на испорака во Република Македонија.


Полицискиот експерт Љубомир Ѓурчески кој беше и заменик началник во Бирото за јавна безбедност смета дека постои можност Грујевски и Бошковски да побараат азил, односно ниту една опција не е исклучена од игра.

„Грујевски и Бошковски можеби ќе побараат политички азил за да одбегнат екстрадиција при што грчките служби ќе ги испрашуваат за безбедносните системи во Македонија, за опремата и виталните податоци. Сепак, верувам дека до такво нешто нема да дојде поради огромниот интерес на меѓународната заедница да се разреши политичката и правната криза во Македонија. Грујевски и Бошковски се клучни во повеќе предмети на СЈО и би следел голем притисок и врз Грција да не изврши таков вид на постапка, сепак со нашите аспирации за НАТО нивните служби имаат големо познавање за нашите системи, па не би се дрзнале на еден таков чекор, вели Ѓурчевски магистер за безбедносни науки .

Дипломатот Љупчо Арсовски кој беше и првиот амбасадор на Македонија во Република Грција за „паниката“ кај дел од луѓето од безбедноста смета дека е неблагодарно да се прават претпоставки без познање на деталите.

„Кога станува збор за вакви ситуации имм многу непознаници и секако дека е неблагодарно да се коментира на претпоствки. Важно е да се знае дали тие  (Грујевски и Бошковски) имале со себе некакви податоци на ЦД, УСБ и сл. како нешто што би им користело за подобра ,,преговарачка позиција,, надвор од земјата. Од раскажување нема корист грчката служба бидејќи секако дека таа располага со одредени сознанија за нашиот безбедносен систем бидејќи и онака до сега имаа контакти двете служби (службени, приватни, тајни средби и сл.). 

„Не верувам дека постои основа за давање на политички азил.  На грчката служба и е познат досегашниот дел од постапката која се води против именуваните во нашите судови. Тие се бранеа од слобода и немаше нивна изјава дека се работи за политички прогон. Тие едноставно побегнаа по најавате дека им се одредува мерката притвор“ вели Арсовски.

Процесот на екстрадиција трае 45 дена од приемот на материјалите, па така полицискиот експерт Ѓурчевски смета дека македонските институции засега ажурно работат случајот да финишира. Според него постојат две можности. Првата е да се комплетира целосно процедурата за екстрадиција како пријателски гест на Грција која би го почитувала европското право. Втората можност е да им пресуди за лажните пасоши на Грујевски и Бошковски што според грчкиот закон е прекршочно дело и да ги протера од земјата, па на некој граничен премин македонските власти да ги преземат. 

За начинот на кој ќе се разреши случајот и дали Грција има интерес да покаже кооперативност по завршување на правните процедури дипломатот Арсовски вели дека со Грција имаме потпишано договори кои се обврзувачки, а исто така важно е што и двете земји се членки на Интерпол.

„Во моментов против нашите државјани се води судски процес за кој има разни информации низ медиумите пред се на нашиот простор. Информациите се непотполни, нејасни но секако укажуваат дека  судска постапка во Солун тече и не постои веќе сила која може во моментов таа постапка да ја прекине. Ова значи дека доколку Грција сакала да калкулира (политички) со нив и да ги стави во поинаква постапка , можела настанот на граница со откривањето на фалсификатот да го премолчи и да почне да калкулира. Но, според изјвата на нашиот МВР Спасовски била остварена претходна комуникција со надлежните грчки органи и сега е јасно дека се работи за сложена ситуација во која Грција која ги има престапниците ќе мора да ја заврши прво постапката за фалсификувани пасоши, можеби подоцна и за илегално влегување , па да се провери дали тие имат можеби и друго државјанство и сл. Потоа ќе ги разгледа списите кои секако сеуште не и се доставени дека се работи за потребата тие да бидат доставни на француски јазик (според погоре споманитите догвори) така што ова ќе потрае и не би требало уште од сега да се именува или оквалификува случајот како исполитизиран или процес кој се оддолжува. На Грција не и треба втор случај ,,Очалан,, . За потсетување своевремено лидерот на Курдското движење беше под потерница на Интерпол и тајната грчка служба ,,наседна,, во една ситуација кога неговиот авион слета во Атина а тоа сакаа да го скријат. Подоцна тој отпатува низ неколку држави за да слета во Најроби каде што со акција на една тајна служба на  голема сила беше киднапиран и заврши на робија во Турција. Уверен сум дека тие ќе бидат вратени во нашата земја, смета Арсовски.

Дипломатот Арсовски го запрашавме и дали за овој случај постои интерес кај меѓународната заедница и можен дипломатски притисок за негова разрешница 

„Грција е суверена држава и секако ќе ја спроведе бараната постапка и според нјзиното внатрешно право но веднаш потоа и ќе спроведе постапка според потерницата на Интерпол. Не верувам дека е потребна дипломатска офанзива и притисок на меѓународната заедница бидејќи до сега и самата Грција не се изјаснила. Познати се заложбите на ЕУ и од неодамна мошне конкретната заложба на СД на САД дека е неопходно , сите постапки во случаите на СЈО и во  други предмети  врзано за сознанијата од  досега објавените прислушкувани теефонски разговори да добијат судки епилог“ вели Арсовски.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“