28 Април, 2024
0.0249

Ќе се гради откупен центар во Ресен – инвеститорот доаѓа од Дубаи

Објавено во: Агробизнис 23 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За 4,3 милиони денари, компанијата  „Ејпл Ленд“ на електронска аукција купи земјиште во Ресен за да гради откупен центар во овој град. Како што стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски, „Ејпл Ленд“, инаку основана од инвеститор од Дубаи понудила најмногу пари. „Станува збор за земјиште со вкупна површина од 61.433 м2 за кое почетна цена изнесуваше 61,00 денари од метар квадратен. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Аппле Ланд”, која е основана од инвеститор од Дубаи со постигната вкупна цена од 4.361.743 денари. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето“, информираат до министерството. По извршената уплата во утврдениот рок, се склучува договор за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, по што купувачот во рок од 12 месеци треба да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план. Потоа компанијaта ќе го гради стопанскиот комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?