ЌЕ СЕ ВИКА БРАНКО ПО НЕГОВИОТ ДЕДО - поранешниот претседател Црвенковски доби внук од неговиот син Љупчо
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022
Убава вест во семејството Црвенковски. Љупчо Црвенковски, син на поранешниот шеф на државата и екс премиер, Бранко Црвенковски, изминатиов викенд станал татко.
Инаку, неговиот син е прво дете на Љупчо и на неговата сопруга.
Како што е познато, некогашниот политичар и претседател на Социјадемокртатскиот сојуз, со сопругата Јасна Црвенковска имаат две деца, синот Љупчо и ќерката Марија.
Инаку, факт е дека Љупчо Црвенковски не сака да се експонира во јавноста, а не се одлучи ни да оди по политичките стапки на нњеговиот татко. Односно, тој не гради политичка кариера како неговиот татко Бранко Црвенковски, а и ретко ги користи социјалните мрежи.
Тој има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според локалните медиуми и најавите од семејството, внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.