03 Мај, 2024
0.0320

Книгите кои секоја жена треба да ги прочита

Објавено во: Стил 10 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Постојат книги кои ги читате набрзина во авионот, а потоа ги заборавате и никогаш повеќе не се сеќавате на нив. Има и други кои ги препрочитувате одново и одново и секој пат откривате во нив нешто различно и инспиративно. Токуму за овие книги ќе зборуваме. Земете си чаша чај, а можеби и кутија со марамчиња и подгответе се да се дружите со нив за многу, многу долго време. Ако сакате срцето да ви се стопи, прочитајте: Едно дрво расте во Бруклин од Бети Смит Франс ги користи книгите за да избега во замислениот свет од сиромаштијата на својот стан во Бруклин. Нејзината мајка едвај успева да врзе крај со крај, чисти куќи, а нејзиниот татко, алкохоличар, заработува што може како распеан келнер. Книгата го следи животот на Франси во нејзината рана адолесценција по еден магичен, срцепарателен начин. Подгответе се да плачете од почетокот до крајот. Сестри за летото од Џуди Блум Најдобро напишаната книга за пријателството на сите времиња. Книгата го следи животот на хероини од рана адолесценција до полнолетство. И со секој наредена  страница станува подобро. Возљубена од Тони Морисон Возљубена е неверојатна книга. Има љубов, скршено срце, духови, убиство, предавство, неочекувани пресврти. Најчесто, сепак, станува збор за откачените работи кои една мајка ги сака за својата ќерка. По неа со чувство на благодарност ќе се потсетите колку кул всушност се вашите сопствени мајки. Краткиот чудесен живот на Оскар Уао од Џун Дијаз Оскар е дебел Доминикански самотник. Ова е приказна за неговото семејство, поврзана со Доминиканската историја. Раскажувачите се менуваат, а текстот е исполнет со фусноти. Тешка книга за љубовта, семејството и што значи да бидеш маж. Ако преживеавте разделба, прочитајте: Јади, моли се и сакај од Елизабет Гилберт Ова е најдобрата книга за разделбата на нашето време. Заборавете за хејтерите кои и 'се потсмеваат. Секој кој страдал очајно, завршувајќи долга врска, ќе се препознае со Гилберт и нејзиниот плач на подот во бањата, и ќе се чувствува подобро од начинот на кој таа успева да го реши вашиот живот повторно. Ако имате потреба од мотивација или инспирација, прочитајте: Собрани дела на Дороти Паркер Дороти Паркер е американска писателка, поетеса, драматург, сценарист и сатиричар, позната по својата духовитост и остар јазик. Кога ја читате, имате чувство дека пишува со подигната иронична веѓа - со други зборови, ќе ја сакате за девојка и партнер во скептицизам. Ако сакате само да избегате од секојдневието, прочитајте: Сексот и градот од Кендис Бушнел Ова е книгата која нè убеди дека нема ништо лошо во тоа да си сам по 30. Освен тоа ќе натера генерации жени да сакаат да живеат во Њујорк, и да носат чудна облека. Алиса во земјата на чудата од Луис Керол Освен дека е забавно да се откријат сите линкови кон дрогата, години откако сте ја прочитале за прв пат како дете, Алиса е одлична приказна, кога сакате да си земете одмор од секојдневниот живот. Луди години од Сузана Кејстн Мемоарите на Кејстн за времето поминато во клиника за ментални болести како млада, е претворен во неверојатен филм со Винона Рајдер и Анџелина Џоли. Граблива приказна за умни, одушевувачки хероини, кои се борат со ментални страдања.