Koaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ изгуби уште еден пратеник
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2018
Пратеникот од Демократската партија на Турците, Јусуф Хасани ја напушта коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе делува како независен пратеник во Собранието.
За ова е известен собранискиот претседател, Талат Џафери.
Претходно, Коалицијата ја напушти Чедомир Саздовски од ГРОМ и на Амди Бајрам од Сојузот на Ромите.