28 Април, 2024
0.0255

Кога имав 20…..и нешто

Објавено во: Анализа 03 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Можеби доколку следиме некој природен пат дваесетите години, се години за подготовка за започнување на бизнис или можеби негов почеток, додека триесетите би биле за собирање на неговите плодови. Секако ова не мора да биде генерално правило, затоа ајде да видиме што правеле многу успешните луѓе кога имале дваесет и нешто години: Марк Кубан – не му било лесно. Живеел заедно со петорица цимери во мал стан и работел како бармен. Подоцна се вработива како продавач во продавница за компјутери. Во тој период започнува да размислува да отвори свој бизнис, добива отказ од продавницата и неговата приказна запчнува тогаш. Ја отвара неговата Микросолушнс. Ова горе, веројатно погодувате е Џеј Зи. Неговиот прекар го добива токму на 20 години. Во тој период живее во зградите во Бруклин и се занимава со рап музика, но сепак сеуште е доста анонимен и е само дел од некакви рап груп. Неговата кариера вистински тргнува на 27 години и тогаш си основа своја продуцентска фирма. Мариса Маер, денеска е директорка на паѓачкиот гигант Јаху, кого дојде да го спасува. На 24 години се вработува во Гугл. Во моментот  кога доаѓа на интервју за работа Гугл била фирма со вкупно седум вработени, кога ја примиле таа била дваесетиот вработен. Денеска Гугл има скоро 55.00 вработени, а Мариса има 37 години. Марк Зукерберг за разлика од другиве му тргнало многу порано. На 25 години Фејсбук веќе почнува да заработува повеќе одколку што губи. Но во компанијата веќе на големо се влезени разни инвеститори и веќе има 300 милиони членови на оваа денеска број еден социјална мрежа. Можеби најголемиот мангуп од сите, Риџард Брансон. Човекот на 20 години ја отвара првата продавница за плочи, на 22 првото студио и веќе на 23 години формира издавачка куќа со комплетна подршка на артистите. На 30 години неговиот Вирџин е светска позната компанија. Редакција Фактор