Кои европски народи најмногу патуваат и каде?
Објавено во: Свет 21 Август, 2019
Меѓу жителите на ЕУ најмногу патуваат Британците, Шпанците и Французите.
Според бројот на ноќевања, најпопуларни дестинации се Канарските острови (93 милиони ноќевања), хрватското приморје (77 милони) и островите во Шпанија (64 милиони).
ЕУ вкупно нуди 31 милиони кревети за туристите.
Шпанија и понатаму е жариште на европскиот туризам со регистрирани 300 милиони ноќевања. Следуваат Велика Британија со 279 милиони, Франција со 133 милиони, а после нив се Грција, Австрија, Германија и Хрватска. Ова го покажуваат податоците на интернет платформата Airbnb.