07 Мај, 2024
0.0239

Кои се 10-те најважни економски лекции од 2013-та

Објавено во: Анализа 16 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Во последните неколку недели економски аналитичари ce натпреваруваат да даваат прогнози и нудат различни стратегии за претстојната 2014 година. Ова пак го  поттикна експертот во US Trust Bank Џозеф Куинлан да ги одвои 10-те најважни економски лекции на заминувањето на 2013 година. Сè што се случи во текот на оваа година, директно или индиректно ќе влијае економската ситуација во наредната, пишува рускиот портал "Вијести". Лекција бр. 1: Не се борете со Федералните резерви и другите централни банки Во 2013 година инвеститорите без сомнение научија една важна работа - не стојте на патот на централните банки. Тие одлучија да се пополни ликвидноста на пазарите на капитал, користејќи ултра ниски камати и неконвенционални монетарни политики. "Лесните" пари на ФЕД и другите централни банки (претежно Јапонската централна банка) ги зголемија цените на различни класи на имот, а зголемувањето на профитабилноста ги испрати жедните за профит инвеститори кон поризични експозиции. Лекција бр. 2: Стравувањата за "смртта на берзите" се претерани Во последните неколку години пазарните учесници и набљудувачи постојано зборуваат за очекуваната "смрт на берзите", се натпреваруваат да предвидат и кога точно ќе се случи. И навистина, по колапсот на пазарот на крајот на 2008 година експерти поставија дел од средствата во минатото, опишувајќи ги како "премногу ризични", "непотребни" и "не доволно потребни". Лекција бр.3: Обврзниците нема да ја водат парадата вечно На спротивната страна во однос на побарувачката на акции се наоѓаа обврзниците. И тоа се случи и покрај инвестициите од околу 1 трилиони долари, долари во должнички инструменти во периодот 2009-2012 година. Обврзниците беа подложени на "леден туш" од месец мај наваму, кога претседателот на ФЕД Бен Бернанке проговори за можноста од намалување на 85-милијарди месечни набавки на средства. Лекција бр. 4: Економијата на САД останува најсигурена во светот За време на кризниот период многу експерти зборуваа само и единствено за економскиот пад на САД. Коментарите им беа избрзани - 2013 година покажа дека американската економија останува една од најдинамичните, најконкурентна и најдоследна во светот. Лекција бр. 5: Енергетската револуција во САД може да стане реалност Во 2013 година енергетска независност на САД само и единствено се засилуваше. Во октомври производството на нафта во земјата го надмина обемот на увозот за прв пат од 1994 година. Во моментов неделното производство на "црното злато" е со 17,5% повисоко во споредба со минатата година и со 56,1% поголемо отколку во 2007 година. Производство на природен гас, пак, е нагоре со 27,8% во однос на 2007 година. Очекувањата се дека во 2016 година САД ќе стане производител на нафта број еден во светот, надминувајќи ги Русија и Саудиска Арабија. Лекција бр.6: "Стариот свет" (Јапонија и Европа) е жив и се проширува Покрај песимистичките коментари за Јапонија и Европа, "стариот свет" се опорави од кризата и почнува со движење нагоре. Во 2013 година јапонската економија ќе порасне за 2%. Берзанскиот  индекс Nikkei 225 додаде 48,3% за досегашните 11 месеци, правејќи го јапонскиот пазар еден од најпродуктивните во светот. Што се однесува до Европа, за радост на инвеститорите економијата на еврозоната официјално излезе од рецесија во второто тримесечје. Лекција бр. 7: Законите на економската гравитација важат и за Кина Сè што се движи нагоре, порано или подоцна започнува да се движи и надолу. Во 2013 година инвеститорите конечно признаа дека Кина веќе не може да расте со 10% годишно. Втората по големина економија во светот значително го  успори темпото на проширување до околу 7,5%. Лекција бр. 8: За новите пазари се уште не е дојден најдобриот момент Во 2013 година се случи нешто неверојатно - доцнење во развојот на економиите во развој и забрзување во САД, Европа и Јапонија. Покрај тоа, во 2014 година, вкупниот удел на САД, Велика Британија, Германија и Јапонија во светскиот БДП ќе биде поголем од оној на земјите од Брикс (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка). Лекција бр. 9: Производствениот сектор веќе не е она што беше Во последните години производството стана поповолно отколку банкарство, предводено од високата побарувачка на земјоделски производи во пазарите во развој. Големата индустријализација, појавата на средната класа и зголемениот животен стандард во земјите од Третиот свет доведоа до зголемување на побарувачката на суровини - железо, цинк, сребро, соја, пченица итн. Лекција бр. 10: Пазарот на недвижности беше непопуларен само за кратко Во екот на кризата од 2008-2009 година пазарот на недвижности го достигна дното, а дури и под него. Сепак ова повеќе не е така. Клучен настан во 2013 година беше враќањето на растот на побарувачката и понудата во Катастар сектор, и тоа не само во САД, туку и во светски рамки. Бројот на трансакции на светскиот пазар на недвижности веќе  ги достигна предкризните нивоа од крајот на 2007 година.   K.K

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад