02 Мај, 2024
0.0373

Кои се четирите Македонки чии аптеки од продажба оствариле 97 милиони евра?

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Водењето аптеки е кор женски бизнис во Македонија! Податоците за лани покажуваат дека жените се исклучително вешти и способни бизнисмени кога станува збор за организирање малопродажба на лекови, медикаменти, препарати и се друго што може да се купи во нашите аптеки. Важно е и тоа што генерално тој бизнис има голем потенцијал во земјава и е во континуиран пораст. Во својата структура тој е многу асиметричен. Има три мега компании кои лани генерирале приход од 97 милиони евра и подмножество „аптекарски фирми“ меѓу кои најголемите оствариле приходи од по 3,6 милиони евра. Но малите аптекарски компании, иако во вкупниот приход учествуваат со помалку од 30 отсто, се покажале многу поумешни од големите во остварувањето профити.

Сестрите Викторија и Христина Механџиски (ќерки на аптекарскиот маг Благоја Механџиски), нивната партнерка Лана Пепиќ и Анѓелка Белазелкоска од Битола се најголемите играчи на македонскиот аптекарски пазар. Меѓу нивните три аптекарски фирми се води „битката на титаните“ на македонскиот аптекарски пазар на кој овие три фирми оствариле приходи од безмалку 100 милиони евра.

Најголема домашна аптекарска компанија и лани е „Зегин Фарм“ од Скопје која остварила приход од продажба во износ од 47,24 милиони евра и во однос на претходната година не бележи раст. Добивката на компанијата што има најмногу аптеки ширум Македонија лани е 17.500 евра што е за 5 отсто повеќе од 2018 година. Во најголемата аптекарска фирма сопственички се: ќерките на Зегин Викторија Механџиска и Христина Механџиска – Георгиевска како и Лана Пепиќ. Нивен најголем конкурент е битолската аптекарска компанија Еурофарм Битола сопственост на Анѓелка Белазелкоска. Ова друштво во своите аптеки лани остварило приход од 29 милиони евра и прокнижило раст на приходите од 6,5 отсто во однос на претходната година. Добивката лани била 2.800 евра што е за 27 отсто помалку од претходната година.
Сестрите Механџиски се сопственички на уште една аптекарска компанија „Моја аптека“ која интегрира аптеки ширум земјава. Од големите три компании ова друштво лани има најимпресивни резултати. Приходите пораснале за 24 отсто до 20,8 милиони евра, а добивката е 50.000 евра што е резултат подобар од другите две иако е за 65 отсто послаб од 2018 година.

 Кои се најпрофитабилните аптеки?

Лани најпрофитабилна аптекарска компанија е струмички „Еликсир“ со профит од 189.000 евра што е три пати повеќе од 2018 година. Добивката е остварена од приход од 1,7 милиони евра што е 10 отсто повеќе од претходната година. Сопственичка на најпрофитабилната аптекарска компанија е Марија Стојанов.
Втора според остварена добивка лани е скопската компанија „Алпи Фарм“ сопственост на струмичката приватна здравствена установа “Снежана Фарм“. Приходите лани биле 3,6 милиони евра што е раст од 13 отсто во однос на 2018 година, а профитот изнесува 165.000 евра и во однос на претходната година е поголем за 60 отсто.
Следи „Аптека Херба“ скопска аптекарска компанија соственост на Ерол Али. Приходите лани се 2,37 милиони евра, а профитот изнесува 150.000 евра.

Кичевската компанија „Аптека Б1“ сопственост на Весна Цветаноска лани остварила профит од 145.500 евра од приходите кои изнесувале 1,14 милиони евра. Процентуалниот раст на приходите и на профитот е двоцифрен во однос на 2018 година.
Одличен резултат лани има и „Виа Фарм Вевчани“ сопственост на Марица Угриновска – Батковска. Нејзината аптекарска компанија остварила приход од 1,53 милиони евра и добивка од 142.000 евра. Профитот лани пораснал за 34 отсто, а приходот за 26 отсто во однос на претходната година.

Меѓу најуспешните има и по една аптекарска фирма од Тетово и од Прилеп. Тетовската компанија „Бле – медика“ сопственост на Линдихиана Емини лани остварила приход од 2,1 милиони евра што е за 23 отсто подобро од претходната година. Добивката на друштвото изнесува 137.000 евра и е за 21 отсто поголема од претходната година. „Мента фарм“ од Прилеп лани приходувала 1,65 милиони евра односно 12 отсто повеќе од претходната година. Профитот на друштвото чија сопственичка е Лидија Николоска – Пешталеска изнесува 130.000 евра и е за 30 отсто поголем од претходната година.

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?