06 Мај, 2024
0.0239

Кои се џиновите кои прават милиони евра од трговија на мало?

Објавено во: Економија 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Трговијата на мало е најжестока конкуренција во која големите риби ги јадат помалите. Најголемите десет македонски ланци на супермаркети лани имале одлична година. Сите работеле со добивки, а четири од нив имаат двоцифрени стапки на раст на приходите или профитите. Ова покажува дека Македонците сакаат да пазарат во големите ланци маркети. Најголемите 10 од нив лани направиле приходи од 657 милиони евра! Најголем е КАМ ДОО, а најпрофитабилен е Веропулос. Прочитајте повеќе во анализата на „Фактор“:

Најголемиот македонски ланец на супермаркети лани повторно е КАМ ДОО. Во 2019 година неговата предност во вкупни приходи расте во споредба со најголемиот конкурент „Тинекс МТ“. КАМ лани оствари приходи од 149 милиони евра што е за 14 отсто повеќе во споредба со 2018 година. Нето добивката на компанијата која на нашиот пазар опстојува 20 години и има маркети во сите поголеми градови лани била 4,8 милиони евра и во споредба со претходната година пораснала за 41 отсто. КАМ ДОО е сопственост на семејството Камчеви, поточно на семејната фирма „КАМ Фуд ДООЕЛ“ и на на основачот и сопственик на КАМ – Гоце Камчев.

„Тинекс МТ“ е втор најголем ланец на супермаркети во земјава. Сопственост е на познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на општина Центар – Владимир Тодоровиќ. Неговата компанија лани остварила приходи од 92 милиони евра што е рамки на резлутатот од 2018 година. Профитот изнесува 2,9 милиони евра и во споредба со претходната година е понизок за 10 отсто.

Во големата тројка според остварениот приход е грчкиот ланец „Веропулос“ . Ова е најуспешниот ланец супермаркети во земјава во конкуренција на десетте најголеми. Лани неговите приходи изнесуваат 83,5 милиони евра и тоа е во рамките на работењето како во 2018 година. Неговата добивка е 8,2 милиони евра и тоа е напрофитабилната компанија во конкуренцијата иако во споредба со 2018 година добивката бележи пад од 11 отсто.

Штипската компанија „Кит Го“ , најголем ланец на супермаркети во Источна Македонија, и веројатно најзастапен во источна и југоисточна Македонија, лани оствари приходи од 63,3 милиони евра (и го превзеде четвртото место од „Рамстор Македонија“). Штипски „Кит Го“ лани оствари раст на приходите од продажба од 17 отсто и раст на профитот од 45 отсто доведувајќи го до износ од 2,4 милиони евра. Оваа компанија е сопственост на штипскиот бизнисмен Кирил Гогов.

Следна на листата е македонско-турската инвестиција „Рамстор Македонија“ која лани ја одржа својата пазарна позиција од аспект на приходи и профит како и во 2018 година. Приходите изнесуваат 61,9 милиони евра, а профитот е 2 милиони евра.

На него (од аспект на остварените приходи н.з.) му дише во врат Стокомак (најбрзо растечка компанија – ланец супермаркети) која лани стигна до приход од 61 милиони евра и книжи раст од 18 отсто. Профитот е во рамки на прекланскиот и изнесува 2 милиони евра.

Следен е најголемиот ланец супермаркети од западна Македонија поточно со седиште во тетовско Желино. Станува збор за Киппер Маркет компанија со сопственост на Висар Јакупи и на Алајдин Даути. Овој ланец супермаркети лани оствари приходи од 58,5 милиони евра и е најбрзорастечка компанија во својата конкуренција. По износот на приходи го надмина и велешки „Жито“. Воедно „Киппер Маркет“ има и најголем раст на профитот. Лани добивката изнесува 2,6 милиони евра и е за 70 отсто поголема од претходната година.

Велешката компанија Жито е осми најголем ланец супермакрети од аспект на остварените приходи. Компанијата во сопственост на Јованче Ѓошевски лани оствари приходи од 55,1 милиони евра што претставува раст од 8 отсто во однос на 2018 година. Добивката на „Жито“ лани изнесува 1,9 милиони евра и без промени во однос на 2018 година.

Во првата десетка ланци на супермаркети според оставен приход се уште две скопски компании кои работат локално (само на територија на Град Скопје). Едната од нив е Грандпром Зур која лани оствари приход од 16,9 милиони евра што е за 15 отсто подобар резултат од 2018 година. Добивката на оваа компанја 265.000 евра и во споредба со 2018 година е поголема за 7 отсто.

Рептил лани остварил приход од 16 милиони евра што е во рамки на работењето во 2018 година. Но ова е компанија со најголем раст на профитот од сите во најголемите десет. Имено лани добивката на „Рептил“ пораснала за 29 пати во однос на 2018 година и таа изнесува 174.000 евра.

компанија

приход (мил.евр)

добивка (мил.ев)

добивка/приход

КАМ ДОО Скопје

149 мил.евра

4,8 мил.евра

3,2%

Тинекс МТ Скопје

92 мил.евра

2,9 мил.евра

3,1%

Веропулос

83,5 мил.евра

8,2 мил.евра

9,8%

Кит Го Штип

63,3 мил.евра

2,4 мил.евра

3,8%

Рамсторе МКД

61,9 мил.евра

2 мил.евра

3,2%

Стокомак ДОО

61,1 мил.евра

1,7 ми.евра

2,8%

Киппер Маркет

58,5 мил.евра

2,6 мил.евра

4,4%

Жито Велес

55,1 мил.евра

1,9 мил.евра

3,4%

Грандпром ЗУР

16,9 мил.евра

0,26 мил.евра

1,5%

Рептил Скопје

16 мил.евра

0,17 мил.евра

1,1%

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години