28 Април, 2024
0.0241

Кои се градовите со најмногу население во светот?

Објавено во: Стил 21 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во листата спаѓаат индиската престолнина Њу Делхи и градот кој го симболизира американскиот сон, Њујорк. Во Делхи живеат 11.700 000 лица и во него се испреплетуваат индиската култура со модерната западна архитектура. Во градот се наоѓа и една од најголемите атракции на планетата - музејот Таџ Махал кој стана симбол на љубовта. Високо место на листата зазема британската престолнина Лондон, која стана и најголемиот финансиски центар на планетата.  Градот е втор во светот по Њујорк по етничка разновидност. Во Лондон живеат околу 14.000.000 луѓе. Во последните години, тој се покажа како посакувано место за живеење, учење, работа и бизнис. Лос Анџелес или градот на ангелите е втор по големина во САД, составен е од 90 големи градови кои играат улогата на населби. Освен со милионското население и филмската индустрија, Лос Анџелес е познат и по тоа што е најголемиот град на територија на планетата. Мексико Сити до неодамна  беше најголемиот град во светот, но како резултат на пренатрупаност и намалениот квалитет на воздухот, Мексико го успори темпото на раст. Во овој град живеат 21.2 милиони жители. Во Њујорк живеат над 8.000.000 жители, а во градот и во доцните вечерни часови има толпи луѓе. Јапонската престолнина Токио е меѓу најголемите градови на земјата. Тој е исклучително чист, уреден и убава, со население од 30 милиони. Се смета дека во 21 век жителите на Токио се најмодерни и елегантни луѓе на земјата.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти