04 Мај, 2024
0.0280

КОИ СЕ ОСУМТЕМИНА ШТО НЕ ГЛАСАА ЗА АМНЕСТИЈА И ДАЛИ И ШТО КАЖАА ВО СВОЈА ОДБРАНА - досега се огласија само две пратенички, другите молчат

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Пишуваа статуси, држеа говори, пресконференции, ја критикуваа власта зошто невини луѓе лежат во затвор...

Но, осуммина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера не го стиснаа копчето „за“ поддршка за Законот за амнестија. 

Како што пишуваат од порталот Инфомакс, меѓу нив се и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Ели Панова, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.

До оваа информација колегите дошле преку увид во собранискиот систем за гласање.

Од овие осум народни избраници чија уста беше полна со слобода за „уставобранителите“, досега само пратеничките Иванка Василевска и Ели Панова се огласија јавно со свои изјави. 

Иванка Василевска на својот профил на фејсбук објасни дека тоа го сторила од лични причини, но кои се тие, засега не сака да ги обзнани.

Пратеничката Ели Панова, пак, сподели снимка од изјавата на спикерот Талат Џафери, во која тој зборува дека има реакција од оваа пратеничка дека таа гласала, но системот тоа не го покажувал. 

„За да нема забуни,... Уставобранителите треба да се на слобода! Спинувањето, не може од лага да направи вистина! Вистината е само една!“, напишала пратеничката пред три часа и сподели снимка од Џафери. 


На профилот на Александар Николовски нема никаква објава која се однесува на гласањето. Тој денеска ја спподелил својата колумна во еден медиум која се однесува на корупцијата, но за амнестијата нема ни збор. 

Став на својот фејсбук профил нема напишано ниту координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, а негов последен пост е од 10 март, со реклама од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, но на сосема друга тематика. Фактор се обиде и телефонски да го контактира Мицевски, но се до подготовката на овој текст, не успеавме да го добиме.

Пратеничката Олга Лозановска исто така нема објава зошто не гласала. Нејзиниот последен пост се однесува на закана кон СДСМ по повод одредена пресконференција за извесна судска пресуда, но статус за тоа зошто не гласала не можеме да сретнеме. А еве што Лозановска напишала кон крајот на февруари. 

„Македонија нема да заборави што му направивте на луѓето од 27 Април. Сите оние кои го бранеа името и уставот на државата. Слобода за уставобранителите!! Вие од 27 Април сте НАШИ ХЕРОИ! ВИЕ НЕ СТЕ ТЕРОРИСТИ!“, напишала таа од пред 20 дена.

Нема објава ниту пратеничката Силвана Ангелевска. Нејзината последна објава е од 19 февруари и се однесува на Законот за наставниците.

Пратеникот Мирче Аџиоски исто така нема објава која се однесува на Законот за амнестија, туку има спподелено некоја своја реплика од 13 март, која ја кажал на собраниската говорница.

Ниту кај пратеникот Иван Стоиљковиќ нема посебен статус на фејсбук кој би укажал зошто тој не гласал за да помине овој закон.

Се појавија и интересни комични статуси за тоа зошто не гласале овие пратеници. 

„Се јави ли некој од пратенициве на ВМРО што не гласаа за Законот за амнестија на уставобранителите да објасни зошто не гласале? Не бил тука, пошол по нужда, му се слошило, првчињата му се укочиле, гледал филм, имал жигоња?“, се вели во еден од постовите кои се однесуваат на овие пратеници.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска