Иванка Василевска: Не можев да дојдам во Собрание за Уставобранителите

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023 12:51
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, инаку позната по тоа што жестоко бара ослободување од затвор за осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017, вчера не присуствуваше на седницата и беше меѓу оние пратеници на опозицијата кои не го дадоа својот глас за потребата да се донесат предложените законски измени за амнестија.
Василевска на Фејсбук порача дека од лични причини не можела да присуствува на вчерашната седница на која не помина потребата за брзо носење на ова законско решение предложено од одбраната на осудените.
„Од првиот момент со душа и со срце сум на ставот дека Уставобранителите се невини. Жалам што владејачкото мнозинство немаше капацитет и волја да ја исправи неправдата кон луѓето кои невини скапуваат шест години во затворите.
Изјавувам дека не присуствував на вчерашната седница поради лични причини кои на јавноста не сакам да ги елаборирам, моето име стои потпишано на предлог законот и до крај ќе бидам на ставот дека овие луѓе се неправедно осудени и ќе се борам да добијат правда!“, напиша таа на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
