03 Мај, 2024
0.0253

Кои се приоритетите на луѓето во различни земји?

Објавено во: Стил 06 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Секоја држава има приоритет, врз основа на истражувањето објавено од страна на Организацијата за економска соработка и развој.

Опфатени биле испитаници во повеќе од 180 земји за да се добијат резултати и да се направи споредба. Категориите кои биле понудени како приоритет се безбедност дома, на работа, приходи, баланс работа-приватен живот, задоволство од животот, здравството, образованието, управување, заедницата и животната средина.

Во Европа, Велика Британија, Шведска, Германија, Финска и Полска најмногу бирале задоволство од животот, како приоритет, додека во земји како Русија, Норвешка, Исланд, Франција и Австрија изјавиле дека најважно им е здравјето.

Кипар е единствената земја во Европа каде луѓето избираат баланс меѓу приватниот живот и работата, а во Украина и Албанија приоритет се приходите.

Во САД, за приоритет се смета задоволството од животот, здравјето и животната средина. Друга е  сликата во Јужна Америка, каде луѓето размислуваат за образование, безбедност и задоволство од животот.