04 Мај, 2024
0.0255

Кои се градежниците милионери?

Објавено во: Економија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Големи промени во рангирањето на компаниите регистрирани за изградба на станбени и нестанбени згради. Но генерално профитните стапки остануваат двоцифрени. Се чини подобар бизнис нема! Клучни новости се следниве: „Адора Инженеринг“ и ЗСФ КОМ ги препуштија водечките позиции и лани не беа „ѕвезди“ на градежното небо. Хит на 2019 година е градежна фирма од тетовско Фалиште која направи приход од 30 милиони евра што е за 4 пати повеќе од претходната година. И најинтересното: инвазија на струмичките градежници – дури три струмички градежни фирми со профити поголеми од еден милион евра.

Градбата на станови е вносен бизнис во кој се вртат милиони евра и од кој оние што знаат како треба - супер заработуваат. На македонскиот пазар на новоградби десетина домашни компании лани заработиле (оствариле профит) од најмалку еден милион евра. Овој показател е доволно уверлив аргумент и за најслабите познавачи да сфатат дека градбата на станбени и нестанбени згради може да биде супер бизнис.

Од компаниите регистрирани за оваа дејност лани најголем приход оствари градежната фирма АК Инвест од тетовско Фалиште, сопственост на Азби Ибраими. Оваа компанија лани остварила приход од 30,8 милиони евра што за 4 пати повеќе од претходната година. Нејзниот профит лани изнесува 1,2 милиони евра и е за речиси 4 пати поголем од 2018 година. Но во конкуренција на најуспешни оваа компанија е далеку позади најуспешните кои со помали приходи оствариле поголеми профити.

Најуспешна градежна компанија лани е Настел со остварен профит од 4,4 милиони евра што е за 49 отсто поголема добивка од оствареното во 2018 година. Оваа компанија е актуелна со новоградба во строгиот центар на Скопје на местото на веќе непостоечката печатница „Гоце Делчев“. Приходот на „Настел“ лани изнесува 14,6 милиони евра. Оваа компанија е во сопственост на една странска компанија „Еуро Свис Кредит“ АГ и домашната фирма Алпина Инженеринг.

Големо изненадување е струмичката градежна компанија Крмзов МР која лани оствари профит од 3,7 милиони евра и тој е речиси 4 пати поголем во споредба со добивката од 2018 година. Оваа компанија, сопственост на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој е сопственик и на реномираниот струмички ресторан „Вила Парк“, лани остварила приход од 15,4 милиони евра што е за 3 пати повеќе од претходната година.

Адора Инженеринг е трета најуспешна градежна компанија со профит од 3,4 милиони евра што е за 29 отсто послаб резултат од претходната година. Компанија – најголем акционер во „Комерцијална банка“ и сопственост на Ванчо Чифлиганец лани остварила приходи од 15,7 милиони евра и тоа е за 26 отсто послаб резултат од 2018 година. Резиме на резултатите е дека Адора Инженеринг лани изгубила една четвртина од своето пазарно учество.

Уште поголем пад на пазарното учество има градежната фирма ЗСФ КОМ сопственост на поранешниот пратеник Фатмир Етеми. Лани нејзиниот приход изнесува 7,6 милиони евра што е за 64 отсто послабо од претходната година. Профитот лани изнесува 2,6 милиони евра и е за 64 отсто помал од 2018 година.

Скопската градежна компанија ТИМ Инженеринг е петта најуспешна во оваа конкуренција. Нејзината добивка лани изнесува 2,5 милиони евра што е за 93 отсто подобар резултат од 2018 година. Оваа добивка е остварена од приход кој изнесува 5 милиони евра.

Следна е уште една струмичка градежна фирма СИМ Инженеринг со добивка од 2,2 милиони евра што е за 12 отсто послаб резултат од 2018 година. Нејзините приходи лани се 6,1 милиони евра. Ова е семјна фирма и е сопственост на Горан и Симеон Крстеви.

И тука доаѓа на ред градежниот гигант Жикол уште една струмичка компанија. Иако е втора според приходите кои лани изнесувале 23,3 милиони евра кои пораснале за 5 отсто профит изнесува 1,8 милиони евра и е помал за 18 отсто во однос на претходната година. Очигледно дека компанија на Живко Пандев имала и поусшени години од аспект на остварениот профит. Но можеби најзначајно е тоа што ја одржува својата пазарна позиција.

Во милионерите се уште една скопска и една охридска компанија. Офис Ком од Скопје лани има профит од 1,3 милиони евра што е за речиси 10 пати подобар резултат од претходната година и е остварен од приход кој изнесувал 2 милиони евра. Оваа фирма е во сопственост на Тони Атанасовски и на Ѓоре Илковски. Охридската компанија Трим , сопственост на Бурбуќе Ќира – Хетеми лани имала приход од 7,1 милиони евра и профит од 1,2 милиони евра што е за 10 отсто подобар резултат од 2018 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?