Koj ги зема најниските плати во Македонија?
Објавено во: Економија 21 Јули, 2020
Вработените во чевларскиот сектор земаат најниски плати во земјава.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најниски просечни плати во мај се исплатени во секторите: производство на кожа и слични производи од кожа (14.255 денари), дејности за подготовка на оброци и служење на храна (14.875 денари).
Понатаму следат туристички агенции, организатори на патувања
(туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив
(15.286 денари),објекти за сместување (16.350 денари) и заштитни и истражни
дејности (16.149 денари).
ИТ секторот е на врвот со плати од 68.000 денари.