Кој и зошто протестира пред Собрание додека се обраќа генералниот секретар на НАТО?
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
И додека трае обраќањето пред пратениците на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг група граѓански здруженија протестираат.
Се извикуваат анти НАТО пароли а како што велат демонстрантите се собрале поради антимакедонската политика на новата влада, донесувањето на Законот за јазиците и против влезот на Македонија во НАТО.
На протестот е забележана и поранешната пратеничка Солза Грчева која порача дека е таму, за јасно да каже дека е против менување на името на државата.