02 Мај, 2024
0.0306

Кој ќе ги лапне „бајадерките“ од бонбониерата на Труфун Костовски?

Објавено во: Финансии 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Еуростандард банка заврши неславно. Дали ќе згасне брендот ќе видиме, а многу е веројатно дека ќе биде така. Но не е се така црно. Има „бајадерчиња“ со бомбониерата на Трифун Костовски кои се „мираз“ со кој стечајниот управник или управничка ќе го послужат нашето банкарско-бизнис милје....

Јавноста е вознемирена од веста за стечајот на Еуростандард банка. Факт е дека тежок камен на вратот на банката на Трифун Костовски беа кредитите од Д категорија и веројатно во крајна линија тоа и пресуди на банката. Гувернерка ја примени законската регулатива и сосема оправдано побара отварање стечајна постапка за Еуростандард банка. Во последнава година наназад супервизорите на гувернерката Бежовска беа редовни гости во Еуростандард банка. Епилогот го видовме. Дали можело поинаку? Ќе покаже времето.

И сега додека јавноста пребројува колку штедачи – физички лица колку пари ќе земат и мери кој се ќе заглави во Еуростандард банката и дали Труфун Костовски е изигран иил е пред банкрот, „Фактор“ како и секогаш ќе направи обид да ви ја прикаже и другата страна на медалот.

Да, Еуростандард беше во критична ликвидна состојба, нејзе и пресуди нејзината (не) адекватност. Да, најлошата категорија кредити , односно тие од кои „пари ќе видите на „свети никад“, беа 11 отсто од целото односно вредеа 14,4 милиони евра. Да, актуелниот менаџмент има наследено гревови од претходници. Но, услови за активација на мерката на НБМ има. Макар било тоа и само за поука на другите банки т.е. нивните акционери.

Но, не е се така црно кај „Еуростандард банка“. Напротив!

Прво, оваа банка има договор за соработка со „Македонски пошти“. Тоа значи дека има на управување околу 300 шалтери ширум земјава. Тоа не е за потценување, напротив. Банкарите многу добро знаат што значи тоа и колкав потенцијал носи. Сега тој договор е ставен под знак прашалник затоа што банката која го сервисира тоа е во „нок даун“. Ако следи „нок аут“ тогаш ќе има други претенденти за тој бизнис. Ако влезе некој со идеја, знаење и капитал, а е пазарно ориентиран и знае да спакува и да продава финансиски производи може да го врати „брендот на народната пошта“ и значењето на нејзините шалтери ширум земјава. Имаше ли капацитет „Еуростандард“ да го стави во погон тој потенцијал? Не е наше да коментираме, но исходот од соработката е благо речено „посен“.

Второ, „Еуростандард банка“ има ултра ексклузивен деловен простор во епицентарот на главниот град. Сигурно за таа локација многумина имаат „влажни сништа“!. Да, за седиштето на банката станува збор. Дополнително, за имотите кои и даваат првенство на одлучување се „мираз“ за новиот стечаен управник или управничка (да не ги навредиме сензитвните борци за родова еднаквост).

Трето, можеби во пари најмалку вредно. Но за тој што знае и може „материјал со супер качество“ – акциите на „Еуростандард банка“ во Македонската берза за хартии од вредност. Компанијата со огромен потенцијал („но сираче при родители“ н.з.). поседувана од домашните банки кои во суштина и се конкурентни друштва. Таму „Еуростандард“ ќе остави „мираз“ 9,9  отсто од акциите. Доколку ги купи некој од трите најголеми акционери.... ќе биде сериозно и ќе има сеир.

Списокот е подолг, почитувани читатели, но засега од нас толку.

 Дополнително, табеларен приказ со кредитна изложеност по категории до 30 јуни годинава:

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?