02 Мај, 2024
0.0281

КОЈ ЌЕ КУРТУЛИ ОД КРЕДИТНИТЕ РАТИ УШТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ - граѓаните со финансиски маки се надеваат дека ќе бидат прифатени

Објавено во: Економија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои имаат финансиски проблеми со нетрпение ја дочекаа можноста банките на кои им должат по основ на кредити, да ја одложат наплатата на кредитните рати за уште шест месеци. 

Ова следува откако Народната банка вчера дозволи банките да ја одложат наплатата на ратите, нагласувајќи дека за тоа ќе бидат создадени и законски можности, а банкарите веднаш јавија дека таква можност ќе биде дадена, но само за оние кои изгубиле работа, оние чии приходи се намалиле, или граѓаните кои имале трошоци за лекување.

Колкумина ќе тропнат на банкарските врати со барање да им се пролонгира за уште половина година отплатата на заемите, засега не е познато.

Според засега достапните бројки од Агенцијата за вработување, од март годинава, па се до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за над 15 илјади граѓани. За јуни и за јули показатели се уште не се објавени, и покрај тоа што веќе дојде септември, но се претпоставува дека во јуни бројката изнесувала над 3.500 граѓани. Или, факт е дека поради корона крзата околу 20 илјади граѓани останаа без своите работни места, па доколку тие имале кредити, се смета дека сигурно ќе побараат од банките ново пролонгирање. 

Многу од граѓаните имаат и намалени приходи, најчесто плати, поради кризата со ковид 19, бидејќи многу компании, и покрај државната поддршка, не успеаја да ги задржат на исто ниво платите на работниците, поради намалениот обем на работа.

Да имаат зголемени трошоци за лекување, исто така, им се случи на многу граѓани, дел и поради проблемите со ковид 19, но и поради други заболувања, кои мораа да ги лекуваат во приватните клиники, бидејќи државните беа претворени во ковид центри и не примаа други пациенти, освен ургентните случаи.

„Ја изгубив работата во една игротека, и така останав без платата со која, заедно со платата на сопругот, успевавме да го отплаќаме и станбениот кредит, и да егзистираме со нашите две дечиња. Сега тоа едноставно не е возможно. Затоа го користевме првичното одложување на отплатата на кредитните рати, и покрај тоа што каматата не се опростува, и неа ќе продолжиме да ја плаќаме во иднина заедно со другите рати. Сега ќе го побараме и новото одложување од шест месеци и се надеваме дека банката ќе ни го одобри“, вели една граѓанка која бараше да остане анонимна.

Еден граѓанин зел кредит од околу три илјади евра за операција која му била неопходна, но не можел да ја закаже во некоја од државните клиники.

„Сега отплатата ми оди многу тешко поради намалените приходи во семејството, па затоа ќе побараме одложување и се надеваме дека банката тоа ќе ни го прифати“, вели овој човек од Скопје.

А банкарите вчера, преку Македонската банкарска асоцијација, најавија дека ќе овозможат одложување на отплаќање на кредитните рати за уште шест месеци. Сепак, нагласија дека ова одложување ќе важи не за сите, туку само за оние граѓани што имаат финансиски тешкотии, на пример останале без работа, им се намалиле приходите или имаат високи трошоци за лекување.

МБА потсети дека заклучно со 30 септември годинава завршува периодот на одложена отплата за населението. Во меѓувреме, дел од клиентите и предвреме одлучиле да се вратат на редовна отплата на кредитите, додека оние што ја користеа оваа можност, почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

„Сепак, согласно со регулативата на Народната банка, имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи,  само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати  сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата“, изјавија банкарите здружени во МБА. 

Детални информации секоја деловна банка ќе објави на својата интернет-страница во најкус можен рок, а тоа ќе се однесува на процесот и постапката преку која ќе се овозможи вториот период на одложена отплата. Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

Граѓаните ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за нив банката ќе донесе одлука.

„Секако, граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци“, нагласија од МБА.

Ова следува откако НБМ дозволи пролонгирање, но побара банките тоа да го направат со јасни критериуми.

Народната банка одржала неколку состаноци со претставници на МБА, а по направените анализи, ја извести јавноста дека со регулаторните измени што ги донел Советот на НБМ, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. 

„Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје“, потенцираа од НБМ.

Претходната понуда која банките ја дадоа за периодот почнувајќи од април, заклучно со септември, ја прифатија дури 70 отсто од граѓаните, и покрај тоа што каматата не се опростува, туку останув да се отплаќа во наредниот период. Сепак, банките дадоа и можност, оној што ќе реши да си продолжи со плаќањето, да може кога сака да го стори тоа, па дел од граѓаните ја искористија и таа можност. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?