15 Мај, 2024
0.0274

Кој на своите бензиски пумпи направи профит од 2,3 милиони евра за три месеци?

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ за три месеци во ек на летната туристичка сезона со четири затворени граници од вкупно пет успеа да оствари приход поголем од 72 милиони евра и профит од 2,3 милиони евра

Најголемата домашна компанија за малопродажба на нафтени деривати во третиот квартал оствари профит од 2,3 милиони евра и тоа е за 1,5 пати повеќе од добивката во првите шест месеци годинава. Ова се официјалните резултати на „Макпетрол“ објавени на берзата кои видно ќе ја вратат довербата и ќе ги окуражат акционерите на таа компанија. Очигледно дека сезоната на годишни одмори и покрај корона ограничувањата беше добра затоа што донесе значајна мобилност.

Вкупниот приход на „Макпетрол“ за првите девет месеци годинава изнесува 3,8 милиони евра и покрај тоа што е за 61 отсто понизок од лани во последните три месеци покажува значајна тенденција на опоравување.

Приходот на „Макпетрол“ за 92 дена (периодот јули, август и септември) изнесува 72,8 милиони евра и пораснал значајно во споредба со просекот по квартал за првите шест месеци годинава. И ова е знајачна вест генерално за нашата економија затоа што зголемената мобилност значи и поголеми приходи за компаниите што секако е еден од условите за подобрување на состојбите што ги предизвика актуелната криза предизвиката од корона пандемијата која особено во вториот квартал годинава влијаеше многу негативнот на целата економија.

Вкупните приходи на компанијата за првите девет месеци годинава изнесуваат 201 милиони евра и тоа во споредба со истиот период лани изнесува пад од 27 отсто. Оперативните расходи во овој период (првите девет месеци) изнесуваат 200 милиони евра и тие се за 25 отсто пониски од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата за овој период изнесува 3,1 милиони евра и таа е за 67 отсто пониска од истиот период лани. Благодарение на позитивната разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходи оваа компанија ја зголеми оперативната добивка за 939.000 евра.

Повеќе податоци за првите шест месеци од работата на „Макпетрол“ и влијанието на корона кризата можете да најдете на следниот линк https://faktor.mk/koronata-ne-go-zapre-makpetrol-kolkava-dobivka-napravi-najgolemiot-trgovec-na-malo-so-dizel-i-benzini

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование