06 Мај, 2024
0.0239

КОЈ НЕ ДОБИЛ, ЌЕ ИМА ИСПЛАТА: Се уште тече исплатата на повратот на ДДВ за јули, август и септември

Објавено во: Економија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи се уште го исплатува повратот на данокот на додадена редност (ДДВ) за скенираните сметки во третото тромесечје односно во јули, август и септември. Оттаму велат дека ниту еден обврзник нема да остане неисплатен иако месецов исплатата малку се пролонгираше па и сега има граѓани кои не ги добиле парите на сметка. Тие секојдневно се жалат на социјалните мрежи и до медиумите особено деновиве откако почна и декември. 

Овој пат, исплатата и почна малку подоцна од вообичаеното поради префрлувањето на парите од повратот од Викендот без ДДВ. од УЈП велат дека најчесто има застој поради нецелосни податоци, неточна трансакциска сметка или нешто слично. Парите се исплатувале во групни налози, па ако еден корисник е со нецелосни податоци, тогаш не се исплатува повратот и на другите во групата. Но тоа не значи дека нема да добијат пари - од УЈП се категорични дека како и секогаш и овојпат сите обврзници ќе бидат исплатени.

Инаку УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето. И покрај тоа што фактички рокот за сите е поминат, од Управата велат дека налозите за исплата се дадени пред рокот, сега само се чека на исплатата

По овој основ, според податоците Управата треба да им исплати на граѓаните речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 според податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари. 

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години