06 Мај, 2024
0.0234

КОЈ ОД КОГО КРАДЕ ИДЕИ: Со зголемување на минимална плата Груевски и Заев ќе „купуваат“ гласови!

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Почна изборната кампања. Почнаа и ветувањата.

Двајцата партиски ривали, Груевски и Заев во изборната програма ветуваат раст на минималната плата.

Опозицијата оваа мерка која ја стави на највисоките точки во својата програма ја најави уште пред да почне кампањата.

Владеачката партија пак, дека оваа мерка исто така ја опфаќа во својата програма најави вчера.

Сепак, мерката е иста, ама не и износот.

За текстилната индустрија која е најмалку платен сектор веќе со години наназад, Заев ветува зголемување на 16 илјади денари минимална плата во мандатот до 2020 година.

Од партијата на Заев најавуваат промени во Законот за работни односи и покачување на минималната плата почнувајќи од 12 000 денари во првите четири месеци на мандатот па до 16 000 денари до крајот на мандатот.

Груевски пак, најавува помалку.

„Од постоечката која изнесува 10 080 денари, ќе порасне на 12.000 денари во 2017, 12.500 денари во 2018, 13.200 денари во 2019, на 14.000 денари во 2020 година. Во текстилната и кожарската индустрија минималната плата која сега изнесува 9.000 денари, ќе порасне на 10.500 денари во 2017, 11.500 денари во 2018, 12.500 денари во 2019, на 13.500 денари во 2020 година“, ветува Груевски.

Заев ветува дека приходите за семејство со двајца родители и деца ќе бидат 1.000 евра.

По евентуалното преземање на власта, Заев ветува дека минималната плата ќе ја покачи на 12.000 денари! Тој изјави дека целта на неговата партија е во едно семејство со двајца родители и деца, приходите да бидат 1.000 евра месечно!

„Дополнително на ваквите приходи ќе изгенерираме политики коишто ќе ги враќаат парите назад кон граѓаните. Секој граѓанин ќе има право на поврат на 15% од данокот на додадена вредност којшто го плаќа буквално на сите сметки и на се што троши во државата. Тоа ќе овозможи просечно уште 30.000 денари приход само по основ на поврат на ДДВ!, потенцираше Заев.

Груевски пак не ги заборава и пензионерите.

„За подобрување на стандардот на населението предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25%, во јануари 2018 и во јануари 2020 година, по 5%. Пензиите ќе се зголемат за вкупно 10,25%,и тоа во септември 2018 година и во септември 2020 година, по 5%. Зголемување пак на социјалната и на постојана парична помош ќе изнесува 50%, во четиригодишен период, рече вчера поранешниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, презентирајќи ја програмата со која неговата партија ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.

Македонската минимална плата недоволна да се преживее месецот

Една просечна плата не е доволна за едно семејство да го протурка месецот. Според минималната синдикална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на просечно домаќинство му се потребни 32.325 денари. Оваа пресметка се однесува на февруари годинава, оттогаш ССМ ги нема обновено податоците.

Најголем дел од овие пари 13.427 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.464 денари или 32.5%, за хигиена 2.254 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7%, за облека и обувки 2.086 или 6.5%, за култура останувале 1.070 денари или 3.5%, а за здравство 684 денари или 2%.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години