10 Мај, 2024
0.0301

Кој пие најмногу вино?

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Можеби Французите се познати по производството на вино, но друга нација го држи првото место во светот по пиење на овој пијалок. Тоа е - Луксембург. Со потрошувачка од 8,16 литри годишно по глава на жител со навршени повеќе од 15 години возраст, според статистиката за 2011 година, жителите на Луксембург навистина уживаат во вкусот на виното. Веднаш зад нив се Французите, со потрошувачка од 8,14 литри по глава на жител годишно. Потоа следуваат Португалија (6,65 литри) и Италија (6,38 литри), покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Меѓу првите пет „пијачи“ на вино се и Хрватите со годишно испиени 5,80 литри вино по глава на жител над 15-годишна возраст. Македонија е на 42 место со испиени 1,62 литри вино по глава на жител годишно. Иако македонското вино станува се попознато, Македонците изгледа недоволно го ценат овој пијалок, па речиси сите останати балкански земји пијат повеќе вино од нас. Податоците за 2012 сепак покажуваат одредено зголемување, па според нив, Македонците над 18 години во просек консумираат 1,8 литри вино и 1 литар ракија годишно. Според податоците на Државниот завод за статистика, 20 илјади хектари во Македонија се под лозови насади. Индивидуалните земјоделци годишно преработуваат 55 илјади тони грозје и произведуваат 13 милиони литри вино, а освен ова работи и 81 винарија.