КОЈ РАБОТИ ТОЈ И ГРЕШИ, ОСВЕН СТЈУАРДЕСАТА: Добила отказ поради погрешно изговорен збор
Објавено во: Свет 01 Мај, 2018
Од руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопштија дека ќе отпуштат една стјуардеса поради грешка која ја направила во најавување на лет, односно погрешно навела име на град.
Стјуардесата на 25 април пред полетувањето на релацијата Москва –Калининград, прво на руски ги поздравила патниците, а потоа во најавата на англиски јазик за крајната дестинација го употребила старото германско име на градот Кенигсберг.
Според локалните медиуми стујардесата ја пријавиле патниците, по што била покрената истрага и било одлучено да добие отказ.