02 Мај, 2024
0.0263

Кој во „корона време“ прави профит од 7,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Мермерен комбинат од Прилеп е една од компаниите кои се афектирани од глобалната пандемија, но сепак и покрај падот на приходите и профитот, успешно се справуваат и работат успешно. Да успешно! Затоа што од вкупните приходи од продажба на нето добивка останува речиси половината

Мермерен комбинат Прилеп е „позитивен“ на корона исто како и многу домашни компании кои се директно зависни од случувањата на глобалните пазари. Но и во вакви кризни услови компанијата има одлични резултати особено се истакнува профитната маргина во која добивката е речиси половина од приходите од продажба.

За првите девет месеци друштвото има продажба од 15,9 милиони евра и тоа е за 33 отсто во споредба со истиот период лани. Домашниот пазар иако учествува малку во структурата има голем пад во однос на лани. Приходите од домашниот пазар се само 113.000 евра што е за 64 отсто помалку. Приходите од извоз на македонскиот мермер изнесуваат 15,8 милиони евра и се за една третина помали од истиот период лани. Но и покрај тоа друштвото стопанисува и повеќе од успешно во овие специфични услови.

Бруто добивката за девет месеци изнесува 10,7 милиони евра и е за 39 отсто пониска од истиот период лани. Најголема трошковна ставка се исплатите за вработените кои за девет месеци изнесуваат 2,9 милиони евра во бруто износ и се за 8 отсто пониски од првите девет месеци лани. Трошоците за вработените укажуваат на мал, но постоечки намален обем на работење на друштвото. Трошоците за суровини и материјали се на исто ниво како и лани поточно зголемени се за 2 отсто и изнесуваат 2,6 милиони евра. Во овој период значаен раст на трошокот за амортизација кој изнесува 1,7 милиони евра и е за 30 отсто повисок од лани.

Нето добивката на друштвото изнесува 7,5 милиони евра и бележи пад од 44 отсто во споредба со лани.

Прилепскиот Мермерен комбинат во нашата инвеститорска јавност е популарен и имам имиџ на компанија која знае да ги зарадува акционерите со дивиденда. Последната одлука за дивиденда ја донесе во септември кога исплати 8 милиони евра.

Прилепската компанија, најголем македонски производител на мермер, е во доминантна сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија за производство и продажба на мермер „Стоун Воркс Холдинг Кооператиф“ која поседува 89,25 отсто од акциите и грчката „Пиреус банка“ која како старател управува 10 отсто од акциите на компанијата. Останатите околу 35.000 акции со право на глас се сопственост на осумдесетина домашни акционери физички лица.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?