Која банка ќе го „лапне колачот“ од пошта: Почнуваат преговори
Објавено во: Економија 03 Септември, 2020
Владата ѝ даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ за отпочнување постапка на преговори за да склучи нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на земјата преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
Пропаднатата Еуростандард банка досега го имаше договорот за соработка со АД Пошта. Тоа значи дека имаше на управување околу 300 шалтери ширум земјава.
За банкарите ова е доста посакуван „колач“. Веќе пишувавме дека ако влезе некој со идеја, знаење и капитал, а е пазарно ориентиран и знае да спакува и да продава финансиски производи може да го врати „брендот на народната пошта“ и значењето на нејзините шалтери ширум земјава.