03 Мај, 2024
0.0257

Која банка спреми 15,2 милиони евра за дивиденда на своите акционери?

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Со оваа предлог одлука акционерите кои имаат обични акции (т.е. со право на глас) може да очекуваат околу 54 денари бруто дивиденда од добивката во 2020 година

Стопанска банка Скопје ќе „омрзне“ 15,2 милиони евра од добивката во 2020 година и ќе ги намени во добивка расположлива за поделба на акционерите. Ова е предлог точка која ќе се најде на гласање на претстојното акционерско собрание на таа банка закажано за последниот ден на овој месец.

Менаџментот на банката им предлага на акционерите 15,2 милиони евра кои не ги искористиле за инвестирање, а биле планирани за таа намена сега да ги пренаменат во добивка раслоложлива за акционерите. Тоа значи дека ако се усвои одлуката, а многу е веројатно дека ќе се усвои затоа што одлучува само еден доминантен акционер, овие 15,2 милиони евра во иднина на некое ново собрание ќе се прераспрелат во дивиденда за акционерите кои имаат обични акции т.е. акции со право на глас. Пресметката на „Фактор“ покажува дека секоја од 17,46 милиони акции со право на глас ќе добие по 0,87 евра односно бруто износ од околу 54 денари за акција.

Во образложението кон одлуката пишува дека овој износ на добивката нема да биде вклучен во сопствените средства на Банката и во пресметката на адекватноста на капиталот, и Банката соодветно ќе ја евидентира оваа Одлука во својата книговодствена евиденција.

На истото акционерско собрание во друга предлог точка на гласање пред акционерите ќе се најде предлог со кој 5 милиони евра од акумулираната добивка за 2019 година ќе се ограничи за распределба на акционерите. Тој износ ќе добие третман на основачки капитал на банката.

Што се однесува до дивидендата, како што објавивме, извесно е дека за сопствениците на приоритетни акции се наменети 5 денари бруто износ дивиденда за секоја акција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата