05 Мај, 2024
0.0258

Која домашна компанија лани исплати 57 милиони евра на своите вработени?

Објавено во: Економија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемиот државен производител на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ т.е. поранешно ЕЛЕМ н.з.) лани и покрај падот на приходите од продажба и зголемените трошоци успеал годината да ја заврши со профит од 3 милиони евра што е 9,5 пати помала добивка од 2018 година. Лани најголемата државна компанија на Владата и исплатила дивиденда од 10 милиони евра од добивката остварена во 2018 година

Намалени приходи, зголемени трошоци од работењето, над 2 милиони евра платени за камати добивка од 3 милиони евра што е безмалку десет пати послаб резултат во споредба со 2018 година. Ова во најкратки црти се најважните податоци за работењето на ЕСМ, најголемиот државно поседуван производител на електрична енергија кој покрива над 60 отсто од потребите за електрична енергија на сите македонски потрошувачи (голема и мала индустрија, мали стопански потрошувачи и домаќинства). Ова се дел од официјалните податоци содржани во финансискиот извештај на независната ревизија објавени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

ЕСМ лани остварил приходи од продажба на електрична енергија во износ од 183,3 милиони евра што е за 9,3 отсто помалку од претходната 2018 година.

При тоа лани ЕСМ остварил вкупно производство од 4.232 гигават-часови електрична енергија што е за нијанса повеќе од 2018 година кога произвле 4.116 гигаватчасови струја. При тоа во 2018 година компанијата остварила приходи од продажба нешто повисоки од 192 милиони евра. 

Иако се мала приходна ставка значајно намалување на приходи има и кај останатитет приходи од дејноста кои лани биле 6,9 милиони евра, а претходната година биле повисоки за 2,8 милиони евра.

Во расходната структура најголемо поединечно учество има агрегатната ставка трошоци за вработените која обединува бруто плати (со вклучени придонеси) и останати трошоци за вработените. Лани за своите над 4.700 вработени друштвото им исплатило вкупно 57 милиони евра. Тоа е за 0,7 милиони евра помалку до 2018 година, но заради пониското ниво на останати трошоци. Бруто платите на вработените лани се трошковна ставка која е поголема од истата во 2018 година.

Втора најголема расходна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци (во која влегуваат и услугите од надворешни фирми ангажирани за ископ и транспорт на јаглен и јаловина во двата рудника на РЕК Битола). Лани за овие трошоци ЕСМ издвоил 38,4 милиони евра што е за 7,9 милиони евра односно за 26 отсто повеќе во однос на 2018 година.

Зголемени се, макар и минимално, и трошоците за набавка на суровини и на останати материјали и тие лани изнесувале 26,9 милиони евра што е за 1,1 милиони евра односно 4 отсто повеќе од 2018 година.

Лани друштвото платило над 2 милиони евра за камати на своите кредити и тој износ е значително намален во однос на 2018 година.

Добивката од редовно работење лани е 3,14 милиони евра што е за 9,5 пати помалку во однос на лани кога друштвото остварило профит од 29,8 милиони евра. Споредбата на финансиските резултати на ЕСМ (помали приходи при поголемо производство лани во споредба со 2018 година) насочува кон  заклучок за тоа како врз работењето на оваа голема државна компанија , во тој период, влијаело утврдување на ценовното ниво на електричната енергија за снабдување. Особено за најголем дел од поранешните тарифни потрошувачи кои макар и формално преминаа на пазарно снабдување.

Друштвото во свој состав го има најголемиот производител на термо енергија РЕК Битола со инсталиран производен капацитет што надмува 660 мегавати, четирите најголеми хидроцентрали „Вруток“, „Тиквеш“ , „Глобочица“ и „Шпиље“, потоа хидросистемот составен од „Козјак“ и „Света Петка“ и засега единствениот ветерен парк ВЕЦ „Богданци

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години