03 Мај, 2024
0.0332

Која е првата хотелиерска жртва на корона кризата?

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемата хотелска компанија во земјава за девет месеци има оперативна загуба поголема од 1 милион евра и тоа е за прв пат во дваесетина години овој гигант кој поседува шест хотели да книжи загуба во своето работење

Најголемата и најсилна хотелиерска компанија во земјава е првата жртва на полугодишната корона криза која најсилно удри токму врз хотелиерско-угостителската услужна индустрија.

Синонимот за хотелиерска моќ и големина во нашата земја „Македонијатурист“ е жртва на корона кризата затоа што компанијата за прв пат во последните дваесет години книжи загуба во своето работење. Најголемата хотелиерска компанија која поседува шест хотели во Скопје (Бест Вестерн, Холидеј Ин, Водно, Карпош, Белви и Турист) од кои работат три книжи оперативна загуба која надмина еден милион евра за првите девет месеци годинава.

Вкупните приходи од продажба на најголемата хотелиерска компанија во периодот јануари – септември се само 23 отсто од приходите од продажби остварени во истиот период лани и тие изнесуваат 860.000 евра наспроти 3,7 милиони евра колку што изнесуваа во истиот период лани. На падот на оперативните приходи со 77 отсто менаџментот возвратил со кратење на оперативните расходи за 34 отсто. На приходите кои паднале за 2,84 милиони евра расходите се намалени за 1,02 милиони евра и изнесуваат повеќе од 2 милиони евра. Најголема трошковна ставка се платите на вработените кои изнесуваат 845.000 евра иако се намалени за 28 отсто во споредба со истиот период лани.

Во голема мерка загубата од оперативното работење е компензирана со финансиските приходи на „Македонијатурист“ кои за девет месеци изнесуваат 688.000 евра и се за 5 отсто повисоки во споредба со истиот период лани.

Поради тоа загубата на друштвото заклучно со 30 септември годинава изнесува 360.000 евра. Лани во истиот период „Македонијатурист“ била во добивка од 1,42 милиони евра.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија