03 Мај, 2024
0.0249

Која e вистинската намена на најпознатите компјутерски игри?

Објавено во: Стил 25 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Денес кога ќе видите дека некој игра "Minesweeper" или "Solitaire" веројатно нема конекција на интернет, но претходно овие игри биле неизоставен дел од "работата" на компјутерот. Речиси да нема човек кој во тоа време имал компјутер, а да не го "убивал" времето играјќи мини или карти.
Најпознатите игри како примарна функција имаа да ги навикнат корисниците на тогашната иновација - маусот. Солитерот прв пат излегува во 1990-та и има за цел да ги префрли корисниците од пишување на команди, на работа со интерфејс со икони и маус.
solitaire-minesweeper-igri-microsoft-02

Мајнсвиперот излегува две години подоцна со слична цел, корисниците да се навикнат да го користат вториот клик на маусот.

Виндоус 8 е првиот оперативен систем на Мајкрософт на кој овие игри изостанаа поради тоа што сметаа дека нивната функција е завршена, а за носталгичните тие можат да се спуштат бесплатно.