05 Мај, 2024
0.0248

Која земја ќе враќа пластичен отпад во државите од каде потекнува

Објавено во: Свет 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Малезиското Министерство за животна средина вети дека ќе врати 450 тони контаминиран пластичен отпад од земјата, стравувавајќи дека илегалниот увоз ја претвора земјата во „депонија“,објавија медиумите од  регионот.

„Овие контејнери беа нелегално внесени во земјата со лажно објаснување ... што јасно го нарушува нашето законодавство за животна средина. Ние ќе одговориме и ќе ги испратиме назад “, рече Јо Бин Јен, министер за животна средина, наука, технологија и климатски промени.

Инспекција на контејнери во пристаништето Клинг, каде контејнерите се транспортираат главно, утврдила дека тоа место е една од главните влезни точки за нелегален отпад во земјата.

Уште 2 400 метрички тони на уште 50 контејнери ќе бидат вратени по завршувањето на проверките на другите товари.

Трошоците за транспорт на контејнерите кои потекнуваат од Австралија, САД, Канада, Саудиска Арабија, Јапонија, Кина, Бангладеш и Шпанија, ќе бидат преземени од земјите на потекло, истакнуваат малезиските власти.

Информации за пластичен отпад, увезени нелегално во Малезија, почнаа да се појавуваат во 2018 година, откако Кина една од најголемите земји, кои се занимава со преработка на пластика стави забрана за увоз на странски пластичен отпад, поради зголемените стравувања дека ѓубрето има влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.

А кој се грижи во Македонија колку и каде се фрла домашниот медицински отпад и дали се складира на посебно место пишуваше Фактор. Целата тема прочитајте ја тука. 

Фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време