Колкав раст ќе имаат земјите во регионот - каде е Македонија?
Објавено во: Економија, Балкан 05 Октомври, 2016
Македонија според прогнозите на ММФ оваа година ќе има раст од 2.2%, догодина од 3.5% и во 2021 година 3.8%.
Во регионот најдобра ќе биде Црна Гора, најлоша е Хрватска, а Србија има „златна средина“.
Србија оваа година ќе има раст од 2.5%, догодина од 2.8% и во 2021 година од 4%.
Црна Гора за 2016 година ќе има ратс од 5.1%, во 2017 година тој ќе изнесува 3.6%, а за 6 години ќе биде 4.8%.
БиХ оваа година ќе достигне раст од 3%, следната 3.2% и во 2021 година од 4%.
Хрватска оваа година ќе ја заврши со раст од 1.9%, догодина тој ќе биде 2.1% и во 2021 година 2%.
За Бугарија ММФ предвидува раст од 3%, догодина од 2.8% и во 2021 година од 2.5%.