17 Мај, 2024
0.0678

КОЛКАВА ПЛАТА ЗЕМААТ НОВИТЕ МИНИСТРИ? - и по три и пол месеци од изборот, на владината веб страница стојат податоците од 2020 година

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Власта, што се колне во транспарентност, се уште на својата веб страница ги нема објавено платите на премиерот и на министрите.

Ако отворите на сајтот на Владата, можете да ги видите платите на поранешниот премиер Зоран Заев, како и на членовите на неговата Влада, со напомена дека ова се платите на владиниот состав заклучно со декември 2020 година. И тоа е така долг период наназад.

Колку плата зема премиерот Димитар Ковачевски и министрите во неговата Влада, засега нема објавено прецизен податок на владината веб страница.

Фактор веќе ги има објавено платите на претходниот владин состав.

Од тие причини се обративме со прашања до Владата зошто се уште не се објавени примањата на новиот премиер и министри, но и побаравме да ни испратат листа со платата на новиот премиер и секој министер поединечно.

Конкретно, до Владата уште во четвртокот минатата недела, ги испративме следниве прашања.

Зошто на веб страната на Владата каде што се објавени податоците за платите на премиерот и на министрите, не се објавени новите износи на плати на премиерот и на министрите, туку датираат старите износи и имиња, уште од декември 2020 година, кога сме веќе април 2022 година? Исто така, „Ве замолуваме за Фактор да ги објавите точните износи на плати што сега ги земаат премиерот Димитар Ковачевски и министрите, односно колку во моментов се нивните точни износи?“, гласеа прашањата што Фактор ги исплати до Владата.

Оттаму, наредниот ден добивме одговори кои упатуваат дека податоците се ажурираат и ќе се објават наредните денови, дека платите се исти како и претходно, но не добивме како што баравме конкретни имиња на министри и поединечни износи на плати што ги добиваат.

„Податоците на веб-страницата на Владата се во фаза на ажурирање и ќе бидат објавени во наредните денови, коефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата.
Инаку, премиерот, министрите и заменик-министрите ги избира и ги разрешува Собранието на Република Северна Македонија. Во постапката за избор се определува и коефициентот за пресметка на месечната плата“, се вели во одговорот што го добивме од Владата.

На нашата усна забелешка дека не сме задоволни од одговорот и дека ние ги побаравме точните плати на сите министри со име и презиме, од Владата само со објаснување дека „тоа е процес на прибирање на податоци кој не може да се заврши преку ноќ“. И што е уште поинтересно, тој процес на ажурирање на линкот со платите, стартувал дури после новинарското реагирање дека сеуште на веб страницата на Владата стојат старите податоци.

Нашата реакција на ова е дека Влада која држи до својата транспарентност и отчетност мора многу побрзо и поажурно да ги обновува информациите на својот сајт, и тоа не само на своите министри и премиерот, туку и на сите владини службеници, заедно со советниците, чии плати, пак, како што знаеме, се алиментираат од буџетот, односно од сите нас како граѓани и фирми на оваа држава.

А, ако се платите исти, тогаш, според она што се уште стои на владината веб страница, би излегувало дека премиерот Димитар Ковачевски, зема плата од 87.913 денари, и таа е највисока плата во однос на другите министри. Како што е познато, во месечниот износ влегува и минатиот труд. За експремиерот Заев, минатиот труд изнесувал 22 години работен стаж. Не е познато колку минат труд има премиерот Димитар Ковачевски и колку врз таа основа е неговата плата.

Според висината на платата, веднаш зад Заев е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој на крајот на 2020 година примал месечен износ од 85.113 денари. Како што е познато, министерот за внатрешни работи Спасовски, ја задржа својата позиција и во новата Влада на Ковачевски. Инаку, министерот за внатрешни работи секогаш зема додаток во платата во однос на другите министри, бидејќи има висок ризик за неговата безбедност, и тој додаток му следува на секој прв човек на МВР. Спасовски во моментов има работен стаж од 18 години.

Повеќе детали за платите на поранешниот владин состав на овој линк.

Останува да видиме кога владините служби ќе ја „освежат“ веб страницата со новите и точни показатели, и што тие ќе покажат за платите на новиот состав на Владата.  

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник