29 Септември, 2024
0.0259

ЗАЕВ 88 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СПАСОВСКИ 85, ШАХПАСКА 74 ... - во очекување на новиот владин состав, еве колкави плати имале министрите

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Новите имиња се уште не се познати, но едно е извесно, дека на стартот на идната година земјава ќе добие нова Влада, повторно предводена од СДСМ. Засега е познато само дека Дмитар Ковачевски ќе биде новиот премиер, како и дека ќе има промени во поголем број министерски позиции. Некои ќе останат на своите сегашни функции, други дефинитивно си заминуваат од Владата, а трети ќе ги променат ресорте со кои досега раководеле и ќе заминат во други министерства.

Како што објавуваат медиумите, утре на седница на Централниот одбор на СДСМ партијата треба да го потврди претседателот Димитар Ковачевски како нов мандатар за новата Влада. Во среда се очекува шефот на државата да му го додели мандатот на Ковачевски, по што почнува да тече рокот од 20 дена за состав на кабинетот на новиот премиер. По истекот на тој рок новиот мандатар на Собранието треба да му го достави составот и програмата за работа на новата Влада, а потоа почнува да тече нов рок од 15 дена во кој собранискиот претседател Талат Џафери мора да ја закаже седницата за избор на влада. Се очекува на 18 јануари народните избраници да му дадат конечно зелено светло на новиот владин состав.

Во очекување да се видат новите кандидати на Ковачевски, Фактор објавува колкави плати земаа министрите од досегашниот владин кабинет. Таа информација Владата ја објавува во делот на своите алатки за отчетност, а последните бројки што ги презентирала за јавноста се од декември лани, така што немаме информација колкави промени настанале во текот на последнава година.

Поранешниот премиер Зоран Заев земал премиерска плата од 87.913 денари и таа била највисока плата во однос на другите министри. Како што е познато, во месечниот износ влегува и минатиот труд, а екс премиерот тогаш имал 22 години работен стаж. Тој сега ќе му се врати на приватниот семеен бизнис, кој му беше доста успешен и пред да влезе во извршната власт.

Според висината на платата, веднаш зад Заев е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој примал месечен износ од 85.113 денари. Како што е познато, министерот за внатрешни работи зема плус додаток во платата во однос на другите министри, бидејќи има висок ризик за неговата безбедност, и тој додаток му следува на секој прв човек на МВР. Спасовски во моментов има работен стаж од 18 години. Се уште не е извесно дали ќе остане и во новиот владин состав, или ќе си ззамине, а околу ова прашање имаше бројни шпекулации во јавноста. Самиот тој рече дека не сака да биде дел од новото раководство на СДСМ, бидејќи е ред новиот лидер на партијата самиот да си го избере својот тим, без оптоварувања од минатото.

Трета по висината на платата е министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, чии месечен надоместок во декември лани изнесувал 74.273 денари. Овој повисок износ е поради нејзиниот долгогодишен работен стаж, од 28 години. Шахпаска, пред да стане министерка беше пратеничка од редовите на СДСМ, каде, пак, дојде од здравствениот сектор. И за неа е сосема неизвесно дали ќе биде дел од новиот владин тим, а некои медиум објавија дека впечатокот е оти е поблиску до напуштање отколку до останување.

На четврто место е министерката за одбрана Радмила Шекеринска, чија плата изнесувала 72.989 денари. Таа исто така има долгогодишен работен стаж од 23 години. Шекеринска дефинитивно си заминува од Владата, а тоа и самата јавно го соопшти, потенцирајќи дека не се согласува со дел од владините политики, како и дека во партијата не ги слушнале добро пораките што во неколку наврати ги добиле од граѓаните. Шекеринска е еден од доајените на политичката сцена во земјава, со богата кариера и во партијата, и во законодавната и извршната власт.

Веднаш зад неа е министерката за култура Ирена Стефоска, со нето плата од 72.670 денари. Таа има стаж од 23 години. Медумите велат дека нема да остане во новиот владин состав, но дали е така дефинитивно ќе се знае за неколку дена.

Иста плата и исти години стаж, односно нето плата во декември лани од 71.385 денари и работен стаж од 19 години, имаат вицепремиерите за европски прашања Никола Димитров и за економски прашања Фатмир Битиќи. За Димтров се прогнозира дека нема да биде дел од новиот владин состав, а за Битиќи дека ќе ја задржи сегашната позиција.

Првиот заменик на премиерот, пак, Артан Груби од ДУИ, има плата од 70.102 денари, а неговиот работен стаж е 15 години. Иста плата како него и исти години работен стаж има неговиот сопартиец, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Овој износ на плата го зема и министерот за локална самоуправа Горан Милевски од ЛДП, со исто така 15 години стаж.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, е првиот под седумдесетката, Тој има месечен надоместок од 69.783 денари, со 14 години работен стаж.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, со 10 години стаж има 68.499 денари, а со девет години стаж се министерот за здравство, Венко Филипче, за економија Крешник Бектеши и за транспорт Благој Бочварски. Министерот Филипче си заминува ос Владата и од политиката и и се враќа на својата матична професија, неврохирургијата.

Со седум години стаж министерката за образование, Мила Царовска, која исто така нема да биде дел од новиот владин состав, земала плата од 67.537 денари. Најниски плати од над 65 илјади денари имаат министерот за животна средина Насер Нуредини и за информатичко општество, Јатон Шакири, кој ќе замине да го предводи ресорот образование.

Одделни експерти сметаат дека владините функционери треба да добиваат повисоки плати, со цел да не запаѓаат во замка да подлежат на коруптивни притисоци.

Одделни директори на јавни претпријатија или први луѓе на регулаторни тела земаат многу повисоки плати од министрите во Владата.

Интересно ќе биде да се види кои министри од оние што ќе си заминат ќе поднесат барање за апанажа.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени