06 Мај, 2024
0.0231

Колку изнесувала месечната бруто и нето плата во септември?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2016 изнесува 32 640 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 101.0.

Според податоци на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по 
вработен во секторите: градежништво (9.6%), земјоделство, шумарство и рибарство (7.2%) и информации и  комуникации (5.5%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: рударство и вадење на камен (3.3%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%) и Административни и помошни услужни дејности (1.9%). 

Во септември 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 100.8. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (8.7%), земјоделство, шумарство и рибарство (7.2%) и информации и комуникации (6.0%). 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (3.4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (2.7%) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.4%). 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016, изнесува 22 191 денари. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години