Koлку Каталонија навистина и е важна на Шпанија?
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2017
На површина од 32.114 квадратни км се протега Каталонија, односно зазема 6.3% од територијата на Шпанија.
Но, со економија која вреди 215,6 милијарди евра, Каталонија е пред многу земји од еврозоната.
Тоа е 20% од БДП на Шпанија, а извозот во вредност од 62,5 милијарди евра, е 25% од вкупниот извоз на Шпанија.
37 милијарди евра чинат инвестициите во Каталонија, а тоа е повеќе од четвртина од инвестициите во цела Шпанија.
Во однос на целата земја, Каталонија има помала стапка на невработеност, но и помали класни разлики меѓу населението.
Просекот на Шпанија е 17.2% невработеност, а во Каталонија е 13.2%.
Истражувањата покажуваат дека Каталонците живеат подобро од остатокот од земјата.
Но, од Брисел за Каталонците стигнаа лоши вести со тоа што тие не го поддржуваат референдумот.