02 Мај, 2024
0.0682

Колку пари прават најуспешните кочански фирми?

Објавено во: Економија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дали кочанската економија е во коматозна состојба? Верувале или не, градот кој порано бил синоним за силна и разновидна индустрија лани има само една фирма со профит поголем од еден милион евра, а меѓу трите најуспешни друштва се уште две компании регистрирани за трговија на големо. И толку...

Кочани има само една домашно поседувана компанија која што лани остварила профит поголем од еден милиони евра и таа е конфекција. Кочани, град што порано беше синоним за силна и разновидна индустрија, лани има само 8 компании кои имале профити повисоки од 200.000 евра (во оваа конкуренција не се гигантот Амфенол Технолоџи и холандската гринфилд инвестиција Антхура – најголемите работодавци во тој регион).

Билансот на најуспешните домашно поседувани кочански компании покажува дека кочанскиот бизнис кој одамна не може да се мери со Штип веќе може да и завидува и на тројно помалата Виница.

Да почнеме со ред:

Амфенол Индустрис не е габарит што може да се врами во капацитети на кочанската економија. Но може со две раце да се потврди дека оваа компанија е мотор на локалната економија. Амфенол, глобалниот производител на електроника за автомобилска индустрија, е убедливо најголем вработувач во Кочани (ангажира над 1.000 лица) и купува услуги од десетина домашни компании. Ова друштво лани оствари приход од 85 милиони евра (22 отсто повеќе од 2018 година) и добивка од 3,6 милиони евра.

Втора најпрофитабилна компанија е кочанската конфенција Алекс 3 компанија поседувана од едно лице – Марија Јосифова. Ова друштво лани остварило приход од 4,4 милиони евра (исто како и претходната година), а добивката му изнесува 1,6 милиони евра што го прави најуспешна домашно поседувана кочанска фирма – без конкуренција. Ако се гледа профитната маргина Алекс 3 е далеку попорофитабилен и од Амфенол Индустрис.

Трета најпрофитабилна компанија со седиште во Кочани е холандската семенарско-садна компанија Антхура Мк. Друштвото лани остварило приходи од 9,6 милиони евра (17 отсто повеќе од 2018 година) и профит од 913.000 евра.

Во најуспешните пет кочански компании има уште две фирми чија дејност е неспецијализирана трговија на големо.

Поуспешна од двете лани била Офис Експрес компанија која се јавува како голем увозник на хартија и на школски прибори и реквизити, а во последниве неколку години е голем продавач на половни автомобили. Ова друштво лани остварило приходи 6,4 милиони евра што е зголемување за 26 отсто во однос на 2018 година. Профитот расте двојно од приходот. Изнесува 720.000 евра и е за 44 отсто поголем од претходната година. Другата трговска компанија е Магнолија. Лани оваа семејна фирма на Јулија и Александар Крстевски остварила приходи од 3,8 милиони евра и профит од 400.000 евра.

Во најуспешните 10 кочански фирми се уште:

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите