04 Мај, 2024
0.0264

Колку пари прави најголемата државна база на податоци?

Објавено во: Економија, Анализа 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Централниот регистaр на Македонија (ЦРМ) е најголемата и единствена релевантна база на податоци за сите правни лица во земјава. ЦРМ има 11 регистри за различни уписи и во многу случаи е единствена инстанца во државата која има релевантна информација која е корисна, а многу пати и пресудна при носење на деловни одлуки

Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) е државна компанија која управува, ја одржува и надградува најголемата база на податоци во земјава. Таа води 11 регистри во кои се впишуваат деловни податоци за права и облигации и е од суштинско значење за целокупниот правен промет и за финансиското работење на сите правни лица во земјава. ЦРМ е единствената компанија од таков вид во земјава и едниствена која има монопол даден од државата и утврден со закони врз основа на кое ги врши сите свои дејности. ЦРМ е многу значајна, а во многу случаи и пресудна, за многу одлуки во бизнис заедницата затоа што располага и дава увид во податоци кои сите правни лица се обврзани да ги доставуваат. Увидот во тие податоци за секоја заинтересирана страна дава можност за носење на деловни одлуки.

ЦРМ лани остварил приходи од 5,38 милиони евра што е за 4,5 отсто поголем приход од оствареното во 2016 година. ЦРМ, според официјалната евиденција за тарифите, има регистар на повеќе од 80 услуги за кои напраќа од 70 до 100.000 денари во зависност од услугата што ја бара клиентот. ЦРМ има и бесплатни услуги, а тие се поврзани со електронска регистрација односно упис на основање на друштво. 
ЦРМ лани остварил добивка во износ од 651.600 евра што е солиден раст на профитот во споредба со 2016 година кога добивката била 363.000 евра. Според официјалните достапни податоци лани ЦРМ вработувал 294 лица и нивниот број е за 7 помал во споредба со 2016 година. 
ЦРМ има дирекција и регистрациска канцеларија во Скопје, а регистрациски канцеларии има во уште 28 градови во кои правните лица пријавуваат различни типови на податоци. ЦРМ води 11 регистри и во нив впишува најразлични видови на податоци. Најголеми регистри се трговскиот регистар и регистарот на годишни сметки кои се должи сите правни лица да ги доставуваат секоја година.

ЦРМ на својата веб страница секојдневно објавува најразлични видови на информации за правните субјекти кои ги доставуваат до нив правните лица. Тие информации при објавата се бесплатно достапни за сите заинтересирани страни. Една од главните општествени функции на ЦРМ е да ја подобри транспарентноста во македонската економија со тоа што голем обем на информации ги прави достапни за секоја заинтересирана страна без разлика дали е тоа бесплатно или се плаќа.

На веб страницата на ЦРМ не можат да се најдат податоци за менаџментот и друштвото од аспект на тоа кога е основано, каков тип на управување има едностепено или двостепено, кој е сопстевник на капиталот и колкава е основната главница. Но за пофалба е тоа што на бев страницата има можност за рекламација од клиент што не е честа пракса кај македонските државно поседувани друштва. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?