14 Мај, 2024
0.0259

Колку порасна државниот долг во записи и обврзници за 5 месеци?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот долг изразен во државни записи и обврзници (заемите од домашните деловни банки, институционални инвеститори и физички лица н.з.) на 17 септември достигна нова највисока вредност. Сега изнесува 1,922 милијарди евра и за пет месеци е зголемен за 144,6 милиони евра. Добра вест, во оваа ситуација, е тоа што каматите генерално се пониски за последните во однос на претходните задолжувања

Долгот на Владата, т.е. на Министерството за финансии на домашниот пазар на пари на 17 септември изнесува 1,992 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци објавени на веб страницата на Министерството за финансии.
Според достапни податоци државниот долг спрема домашните кредитори кои купувале државни записи и државни обврзници за пет месеци (состојба на 2 април 2020 година) изнесувал 1,778 милијарди евра. Тоа значи дека за 167 дена долгот пораснал за 144,6 милиони евра. Во споредба пак со состојбата од 5 септември 2018 година (за две години) долгот на државата кон приватните домашни кредиторисега е поголем за 375,8 милиони евра.

Каква е структурата на долгот со состојба на 17 септември годинава?

Најголема ставка имаат 15 годишните државни обврзници и нивниот износ во вкупниот долг е 683,4 милиони евра. Последната позајмица е со годишна каматна стапка од 3 отсто и во спроедба претходната позајмица каматата е повисока за 0,1 отсто.

Втора најголема ставка во должинчката структура ја чинат 12 месечните државни записи. Состојбата на долг по тие инструменти на 17 септември е 562,78 милиони евра.

Следува 30 годишната обврзница со состојба од 161,6 милиони евра и годишна каматна стапка од 4,1 отсто на последната реализирана аукција. И тука има раст на каматата затоа што на претходна аукција каматата била 4 отсто годишно.

Долгот по 10 годишната обврзница изнесува 137,9 милиони евра со каматна стапка од 3,4 отсто. Тука има пад од 0,5 поени во однос на претходната каматна стапка која била 3,9 отсто.

Долгот по инструментот 5 годишна обврзница е 134,1 милиони евра со последна каматна стапка од 1,4 отсто со пад од 0,1 отсто. По 3 годишната обврзница состојбата на долг изнесува 91,4 милиони евра со годишна камата од 1,5 отсто (0,1 отсто пониска од претходната аукција), а по 2 годишната обврзница долгот изнесува 88,6 милиони евра со годишна каматна стапка од 0,9 отсто што е за 0,2 отсто пониска од претходно реализираната на аукцијата.

Подетални информации има на следниот линк https://finance.gov.mk/

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?