15 Мај, 2024
0.0262

КОЛКУ СМЕ ЕНЕРГЕТСКИ СИРОМАШНИ? Истражување за состојбата во Македонија

Објавено во: Економија, Македонија 30 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Меѓу 25 и 30 проценти од македонското население е во енергетска сиромаштија. Но, тука не спаѓаат само оние луѓе кои по дефиниција се под прагот на сиромаштија, туку и оние што живеат во семејство со ниска економска активност поради недостигот на пари да ги опслужат плаќањата поврзани со енергија во домот, беше речено пред денешната презентација на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава. 

Според статистиките на Еуростат, во 2020 година една третина до една четвртина од луѓето во земјава можеле задоволително да го загрејат домот.

Како што истакна Ана Стојиловска од „Аналитика“ која е и автор на Прирачникот, се очекува оваа бројка да се зголеми за 2021-ва, 2022-ра и 2023 година.

-Енергетскатата сиромаштија треба да заземе централно место во агендата на државата. Тоа не е проблем што може да се реши со субвенции или со давање финансиска поддршка. Напротив, мора да се работи на подобрување на системот за социјална заштита, како и на подобро регулирање на енергетскиот сектор за граѓаните да учествуваат во енергетската транзиција. Тука би ја спомнала „праведната енергетска транзиција“ која подразбира да не одиме само со замена на фосилни гприва со обновливи извори, туку да се демократизира енергетскиот сектор - да се овозможи граѓани да произведуваат струја, да ја трошат и да ја продаваат, но и да бидат дел од енергетските задруги, рече Стојиловска.

Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана неконзистистеност и некоординираност на политиките во оваа област.

-Или ќе ја превенираме енергетската сиромаштија со правилни мерки и политики или нееднаквоста, односно разликата во домаќинствата ќе биде уште поголема, подвлече Дуковска.

Неопходни се, дополни, палета мерки кои не ги опфаќаат само оние кои се сега во енергетска сиромаштија, туку превенираат да не влезе дополнителен број семејства во тој круг.

Според  Сања Трпковска од Цепросард, енергетската ефикасност влијае врз намалување на енергетската сиромаштија, но не е доволна.

-Мора да имаме енергетско ефикасни домови, но сиромашните луѓе тоа не можат да си го дозволат. Понудените мерки во облик на субвенции не се доволни за справување со овој проблем, посебно поради фактот што секогаш сиромашните граѓани заостануваат при ефикасно користење на овие мерки, рече Трпковска.

Владимир Стојановски од Здружението на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР – Скопје укажа на итноста од подигнување на јавната свест за важноста на екосистемските услуги, нивно зачувување и унапредување. Тој истакна дека во моментов има нов закон за шуми, каде се дава посебен акцент на сиромашните.

Прирачникот го изработи „Аналитика“, а наменет е за широка група чинители кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања. Прирачникот илустрира повеќе аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки. 

ФОТО: МИА


Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?