29 Април, 2024
0.0281

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ПРОДАДЕ ИМОТОТ НА ФЕНИ - моќниот турски Јилдирим влегува во комбинатот преку холандски холдинг

Објавено во: Економија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Конечно се најде солиден инвеститор за кавадаречки Еуроникел индустри, кој поради проблеми на поранешните сопственици, влезе во стечај, а Комерцијална банка како најголем доверител, претходно го имаше добиено имотот на овој комбинат, кого јавноста го памети како поранешен ФЕНИ.

Станува збор за моќната турска групација Јилдирим, односно холандски фирми основани од неа, а која е позната по тоа што работи со многу инфраструктурни бизниси.

По долги преговори со сериозен турски инвеститор, Комерцијална банка објави дека склучила договор за продажба на имотот на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри, на фирми кои се основани од холандска холдиннг компанија, а се поврзани со турската групација Јилдирим.

Од продажбата на имотот на ФЕНИ Комерецијална банка ќе инкасира 31,3 милиони евра, а од Нова Рефактори од Пехчево, која исто така им ја продале на турската компанија Јилдирим, банката ќе земе 8,7 милиони евра.

„Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 22.03.2024 година Банката склучи Договори за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.ВОЗАРЦИ КАВАДАРЦИ, НОВА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ за износ од ЕУР 31.300.000 и НОВА РЕФРАКТОРИ ДОО ПЕХЧЕВО за износ од ЕУР 8.700.000 без даноци и давачки, со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијaта Yildirim Group. За конечната реализација на трансакцијата потребно е да се исполнат одредени законски и регулаторни барања“, се вели во објавата која Комерцијална банка ја сподели со инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Информацијата на фејсбук ја сподели и Градоначалникот Митко Јанчев. 

„По залагањето на Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ. Општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред се ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката. Општина Кавадарци со Градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители“, се вели во објавата на градоначалникот Митко Јанчев.

Фактор веќе пишуваше дека Јилдирим основа свои фирми во Македонија, поради што и претпоставивме дека се отвораат вратите за што побрз влез на турската групација во Македонија, која е голем гигант во повеќе индустрии, и за која се сметаше дека е најдфобра шанса за ФЕНИ, бидејќи ќе може да го издржи работењето на компанијата дури и кога нема да биде поволма коњуктурата на никелот на светските берзи.

Работниците ова подолго време го очекуваа, а од Комерцијална банка во неколку наврати потенцираа дека водат сериозни преговори со турската групација.

Сумата од 40 милиони евра е сериозен приход за Комерцијална банка, и ова ќе значи сериозно подобрување на нејзината приходна страна, што ќе биде изразено во Билансот на успех за оваа година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка