05 Декември, 2024
0.0276

ГИ ОТВОРА ЛИ ЈИЛДИРИМ ВРАТИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ФЕНИ - основани две фирми во земјава, директорите се токму од турскиот гигант

Објавено во: Економија 14 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Дали е се поизвесен влезот на моќната турска компанија „Јилдирим“ во проблематичниот кавадаречки комбинат „Еуроникел“, кој за многумина е познат како поранешен ФЕНИ, и врз кој се отвори стечајна постапка. Како што е познато, имотот на Еуроникел и припаѓа на Комерцијална банка, откако таа го презеде врз основа на ненаплатени побарувања на износ од околу 38 милиони евра.

Она што се случува деновиве е дека во земјава се основаат две микро компании, со основачки капитал од по 5.000 евра, чија основна дејност ќе биде работа со металот никел. Тие имаат исти сопственик, извесна фирма „Полиникел“, која има прикажано земја на потекло Холандија, а имаат и исти управители, и токму тие се кадри и менаџери на турската компанија Јилдирим. А, има уште една друга работа која двете микро фирми ги поврзува со моќниот турски гигант, а таа е дека и на двете има оставено мејлови за контакт кои потекнуваат токму од Јилдирим.

Во Централниот регистар прво беше пријавено дека е регистрирана фирмата Дабл ИГЛ Никел ДООЕЛ Скопје, чие седиште е во Скопје, во атрактивниот бизнис центар Хипериум во Карпош. Тоа би можело да значи дека турската Јилдирим преку своите две фирми што ги основа овде веќе си обезбедува канцеларии во земјава каде би се одвиовале главните бизнис зделки со деловните партнери во Македонија.

Оваа компанија е друштво со ограничена одговорност на едно лице, а датумот на нејзиното основање е 11 март оваа година, или пред само неколку дена. За овој субјект се наведува дека неговото времетраење ќе биде неограничено, капиталот приватен со странско потекло, и дека ќе биде микропретпријатие, додека, пак, основачкиот капитал е минималниот дозволен, односно 5.000 евра.

Како сопственик на оваа фирма е наведена компанијата Полиникел Холдинг БВ, со адреса во Амстелвеен Холандија, а нејзината дејност е производство на други обоени метали. За волја на вистината, за таа компанија не можат да се најдат информации доколку се прави интернет пребарување.

Таа ќе има двајца управители, кои ќе бидат и административни менаџери, а едниот од нив е Мехмет Шефкет Ерол, со адреса во Истанбул Турција. Од пребарувањето на интернет може да се најде Линкедин профилот на Мехмед Шефкет Ерол, кој е висок претставник на Јилдирим. Тоа се поврзува дека е можно токму преку оваа фирма да се реализира откупувањето на имотот на ФЕНИ од страна на турската компанија. Уште еден управител и административен менаџер ќе има новиот субјект Дабл ИГЛ Никел, а тој е Џемил Ацар од Тирана Албанија, кој е исто така на висока функција во турската компанија Јилдирим. Токму неговата имејл адреса од Јилдирим е оставена за контакт на заинтересираните страни.

Втората компанија што се основа е Њу Нова Енгинееринг Скопје, која ќе биде исто така ДООЕЛ и исто така ќе биде сместена во Хипериум, и буквално со истите карактеристики како и претходната Дабл Игл. Сопственик е исто Полиникел од Холандија, а ги има и истите менаџери, Мехмет Шефкет Ерол и Џемил Ацар. Она што е единствената разлика со Дабл ИГЛ е што вторава фирма, Њу Нова Енгинееринг е регистрирана за дејност производство на други фабрикувани метални производи, неспоменати на друго место, како и лицето чии мејл е оставен за контакт, извесен или извесна Зејнеп Хатип, кој припаѓа на Јилдирим.

Како што е познато, неодамна Основниот суд Кавадарци отвори стечајна постапка за Еуроникел, откако барања за стечај поднесоа фирма од Прилеп за долг од 10.000 евра, јавно претпријатие од Кавадарци, како и самите вработени во комбинатот и тоа преку Синдикатот, а за четири неисплатени плати.За 2022 година фабриката има вкупни побарувања од 5,7 милијарди денари, а обврски во висина од 4,8 милијарди денари.Вкупно 670 вработени во Еуроникел имаат побарување од 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.

На крајот на јануари годинава Комерцијална банка потврди дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, а кои сега се во сопственост на банката, но, како што нагласија, поради доверливоста на преговарачкиот процес, не беа во можност да споделуваат повеќе информации.

„Комерцијална банка особено истакнува дека отворање стечајна постапка врз Еуроникел нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, се нагласуваше во соопштението од Комерцијална.

Претходно од банката за Фактор објаснија дека преговорите со потенцијалниот странски инвеститор одат одлично.

А, Фактор веќе пишуваше дека турската компанија Јилдирим е заинтересирана за купување на комбинатот, кој во моментов е во сопственост на Комерцијална банка. Познавачи на состјбите сметаат дека за Еуроникел би било многу добро доколку Јилдирим се јави како нивни купувач, бидејќи станува збор за голема и моќна компанија која располага со различни видови на дејности, и токму поради својата разноликост и финансиска сила би била добар газда на поранешен ФЕНИ, со оглед на тоа што ќе има моќ да ја одржува компанијата дури и во време кога не би била поволна коњуктурата на никелот на светските берзи.

Како што исто така објавивме, на веб страницата на Јилдирим груп може да се најде дека нејзините основи датираат од 1963 година, како и дека Групацијата континуирано го проширува својот фокус преку нови подружници, еволуирајќи во една од најбрзо растечките турски индустриски групи. Групацијата ЈИЛДИРИМ е бизнис во семејна сопственост, 100 отсто држен приватно и управуван од браќата Али Риза и Роберт Јуксел ЈИЛДИРИМ. Групацијата прерасна во глобална сила со седиште во Истанбул, Турција, со операции во 9 сектори во 56 земји, на 5 континенти. Групацијата вработува повеќе од 25.000 луѓе ширум светот.

Инаку, во јуни 2022 година, Јилдирим груп потпиша договор за купување на NevCo Ferroniceli во Косово, еден од најголемите производители на железо и никел во Европа, а дотогаш во сопственост на групацијата Балфин. 

Комерцијална банка го стекна комбинатот за сума од близу 38 милиони евра, како главен доверител на поранешен ФЕНИ.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Не прифаќаме зголемување на прагот за пензионирање

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Не прифаќаме зголемување на прагот за пензионирање

НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ: Сиромашна земја „лежи“ врз злато вредно три билиони долари

НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ: Сиромашна земја „лежи“ врз злато вредно три билиони долари

НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ ВО ИСТОРИЈАТА: Резервите на злато во Албанија растат

НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ ВО ИСТОРИЈАТА: Резервите на злато во Албанија растат

ПУТИН ЗА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП КОН БРИКС: Едно е да се забрани употребата на доларот, а друго да не се користи доларот

ПУТИН ЗА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП КОН БРИКС: Едно е да се забрани употребата на доларот, а друго да не се користи доларот

Рударството бара млади умови: Знаењето во акција - Министерството отвора врати за идните експерти

Рударството бара млади умови: Знаењето во акција - Министерството отвора врати за идните експерти

ВМРО-НП: Решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците

ВМРО-НП: Решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците

„НЕРАБОТНИЦИ“ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ - изборот е во Хрватска, а еве кои се условите за да победите

„НЕРАБОТНИЦИ“ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ - изборот е во Хрватска, а еве кои се условите за да победите

„НАСТЕЛ“ ПРОДАВА, ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВЕН ОДБОР КУПУВААТ - сопственички промени во „Реплек“, еве кој ги зајакнува позициите

„НАСТЕЛ“ ПРОДАВА, ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВЕН ОДБОР КУПУВААТ - сопственички промени во „Реплек“, еве кој ги зајакнува позициите

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА „МАКПЕТРОЛ“ - помина блок од 60 илјади евра, а „жешко“ беше и на редовниот пазар

ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА „МАКПЕТРОЛ“ - помина блок од 60 илјади евра, а „жешко“ беше и на редовниот пазар