09 Мај, 2024
0.1487

КОМЕРЦИЈАЛНА ПРВА „ЌЕ ПОВЛЕЧЕ НОГА“ - акционерите тријат раце, еве колкава дивиденда ќе обзнани банката

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Доаѓа периодот во кој акционерските друштва што котираат на Берзата и кои држат до својот имиџ ќе почнат да ги објавуваат износите на дивиденди кои планираат да им ги поделат на своите акционери, од добивките остварени во текот на претходната година.

Според нашите сознанија, прва „нога ќе повлече“ Комерцијална банка, која според плановите треба во петок наутро да ги објави предлог Одлуките за Собранието на акционери, а меѓу нив, секако дека најинтересно ќе биде обзнанувањето на дивидендата по акција којашто планира да ја исплати банката. Износот на дивидендата, според нашите сознанија, е веќе утврден на управните органи на Комерцијална банка, а до инвеститорската јавност преку Берзата ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.  

Фактор од свои извори дојде до некои неофицијални информации дека Комерцијална банка во своите предлог одлуки за Собранието на акционери ќе објави намера за бруто дивиденда која би изнесувала над 900 денари за акција, иако тоа засега уште не можеме официјално да го потврдиме, а ќе биде познато веќе во текот на утрешниот ден.

Доколку таквите шпекулации се остварат, ова ќе биде најголемата дивиденда во историјата на нашата најголема банка, која и онака важи за банка со издашна дивидендна политика за своите акционери. Но, да почекаме па да видиме дали ќе се остварат нашите информации.

Инаку, она што и е добро познато на домашната бизнис јавност, е дека Комерцијална банка сработе многу солидно во минатата година, остварувајќи чист профит од над 58 милиони евра, како што говорат нејзините биланси на успех.

Секако дека се очекува оти тоа ќе влијае на цената на акцијата на Комерцијална банка, која континуирано расте во последниов период, достигнувајќи цена од дури 16.676 денари на редовното тргување и 16.700 денари на блок трансакција, по што, за волја на вистината имаше само два три дена блага надолна тенденција, за вчера повторно да се врати во зелената зона и да прикаже раст, достигнувајќи вчера просечна цена од 16.492 денари, при истргувани 504 акции на редовниот пазар.

Комерцијална банка е убедливо најтргуваната акција во земјава, па во јануари со неа беше остварен половина од вкупниот промет, кој изнесуваше над два милиони евра.

Тоа во голема мерка се должи на фактот што таа акција има одлична дивиденда историја, бидејќи нејзините акционери добиваат редовни и пристојни дивидендни приноси од нивните вложувања во таа хартија од вредност. 

Инаку, лани на 4 мај Комерцијална банка ја стартуваше исплатата на дивидендата за 2022 година, согласно одлука која ја донесе Собранието на акционери на седница одржана на крајот на март.

Дивидендата исплатена лани изнесуваше 500 денари за акција или 450 денари во нето износ, односно во висина од 50 отсто од номиналната вредност на акцијата.

Притоа треба да се напомене дека Комерцијална банка 2022 година ја заврши со нето добивка од близу 35 милиони евра.

Вкупниот бруто износ на дивиденда, пак,што лани го исплати Комерцијална банка изнесува 18,5 милиони евра. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари