04 Мај, 2024
0.0291

Комисијата за хартии од вредност одобри: „Свислион“ може целосно да го откупи „Агроплод Ресен“

Објавено во: Економија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на вчерашната седница му даде дозвола на компанијата „Свислион“ да понуди да стане целосен сопственик на „Агроплод Ресен“ и да ги докупи сите преостанати 8.364 акции, односно 31,5 отсто од структурата, така што ќе треба да плати 1,84 милиони евра. 

„Свислион“  и сега е управувачки сопственик, со околу 68,5 отсто од капиталот на ресенската компанија, но по многу перипетии минати низ последната деценија, конечно ќе ја оствари намерата да биде сам на своето во управувањето со преработувачот во прехрамбената индустрија.

„Понудата за преземање се однесува на 8.364 обични акции со право на глас издадени од Агроплод АД Ресен, кои претставуваат 31.59% од основната главнина на  Агроплод АД Ресен. Во моментот на поднесување на понудата за преземање Прехранбената индустрија Свисслион ДОО Скопје поседува 18.116 обични акции од Агроплод АД Ресен. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 13.530 денари по акција. 

Преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна“, соопшти КХВ.

Од „Свислин“ веќе најавија дека сакаат да ги докупат сите акции до 100 проценти и на тој начин компанијата би станала единствен и неприкосновен сопственик на ресенски „Агроплод“.  За да го докупи комбинатот ќе биде понудена сума од 113.164.920 денари. Понудата за преземање се очекува биде објавена веднаш по одобрението на барањето од страна на Комисијата за хартии од вредност. 

На крајот од минатата деценија Министерството за економија ја промени сопственичката структура во „Агроплод“, на сметка на „Свислион“ откако малцинскиот акционер заедно со македонската влада именуваа нов управен одбор. Судот донесе неколку мерки со кои го замрзна имотот на друштвото. српската подружница поднесе тужба против Македонија до Арбитражниот суд во Вашингтон, по што државата беше должна да му исплати надомест од 700.000 евра. Во 2013 „Свислион“ ги доби назад 5.339 акции, со што повторно станал мнозински сопственик на „Агроплод“.

Во минатата година капацитетот оствари вкупни приходи од 36,8 милиони евра, и профит од 1,57 милиони евра. „Агроплод“ е основан во 1967 година и главно се занимава со производство на храна, но исто така поседува и хотелски капацитети.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?