02 Мај, 2024
0.0289

Коморскиот инвестициски форум апелира: Непречениот транспорт мора да остане приоритет

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Коморскиот инвестициски форум, како асоцијација на шесте комори од регионот на Западен Балкан, од кој е дел и Стопанската комора на Македонија, се обрати до германската Влада, со апел што побргу да се надминат застоите на германските гранични премини и да се гарантира непречен проток на стоки.

Бизнис-заедницата од регионот на Западен Балкан, преку Коморскиот инвестициски форум, изразува загриженост поради последните мерки воведени од Република Германија, кои се однесуваат на сите лица кои влегуваат во Германија, а кои престојувале или поминале низ Република Словачка, Чешка и низ делови од Австрија во последните 10 дена, за кои се воведува обврска за регистрација и за приложување негативен PCR-тест за COVID 19, а во некои случаи и упатување во карантин, почнувајќи од 14.2.2021 година. Примената на овие мерки и за професионалните возачи во практиката доведе до исклучително комплицирани ситуации и до големи одложувања во транспортот на стоки до Германија.

- Транспортот на стоки, како крвоток на секоја економија, не смее да запре и мора да се одвива во сите услови. Сликите на границите, кои ги гледаме деновиве, каде што се формирани редици од повеќе од сто возачи кои стојат со часови на екстремно лошо време чекајќи тестирање се навистина загрижувачки – укажува Бранко Азески, потпретседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан и претседател на Стопанската комора на Македонија. На овој начин, тие се изложени на поголем ризик од заразување отколку кога би биле во кабините од своите камиони. Токму фактот што во внатрешноста на кабините возачите можат да останат безбедни од ризиците на ширење на болеста и потребата да се гарантира непречен проток на стоки во исклучително тешките услови во кои функционира европската економија речиси цела година беа причина професионалните возачи уште од почетокот да добијат посебен третман од националните власти. За времетраењето на пандемијата, почнувајќи од март 2020 година, професионалните возачи беа изземени од сите ограничувачки мерки и таков пристап треба да продолжи да се применува кон оваа категорија и во иднина – посочува Азески.

Во своите најнови препораки за координиран пристап на земјите членки на ЕУ за ограничување на слободата на движење во ЕУ, предизвикан од пандемијата COVID 19, од 28 јануари годинава, Советот на ЕУ уште еднаш ги истакна своите препораки за гарантирање непречено движење за работниците во транспортот.

Коморскиот инвестициски форум апелира до германските власти да се разгледаат сите опции за елиминирање на застојот во транспортот на стоки преку Германија и во неа и професионалните возачи да бидат изземени од примената на воведените мерки, така што би се примениле препораките на Советот на ЕУ кои се однесуваат на изземањето на транспортните работници од обврските за карантин и за приложување негативен PCR-тест, ако се приложи како доказ негативен брз антиген тест. На овој начин би се загарантиралонепреченото функционирање на зелените коридори на ЕУ и снабдувањето со единствениот пазар на ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда